Вести

All Blog Posts

ВО ТЕК Е ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „КАВАДАРЦИ-МИХАЈЛОВО 2016“ ПАРИТЕ ОД АУКЦИЈАТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

ВО ТЕК Е ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „КАВАДАРЦИ-МИХАЈЛОВО 2016“ ПАРИТЕ ОД АУКЦИЈАТА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

Во Кавадарци минатата сабота на 20 август започнa Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово 2016“ во организација на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ Кавадарци и Општина Кавадарци. На отворањето беа присутни 60-тина а деновиве им се придружиа уште десетина уметници. Ги има од Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија, Бугарија, Албанија, Данска и други земји. Тие творат во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“ и во околината на Кавадарци.

На отварањето со самостојна изложба се претстави Силвана Силва, македонски уметник, која живее и работи во Данска. Покрај ликовен таа е и уметник- поет-, па така во симбиоза како уметничка душа, Силвана во Кавадарци претстави дел од нејзината уметничка експресија која плени со едноставноста. Колонијата и изложбата ги отвори секретар на Општина Кавадарци Кире Делов. Тој при отворањето изјави; „Локалната самоуправа секогаш ќе ја подржува ова манифестација, која е една од најзначајните кај нас во Македонија. Ја вклопивме во „Топлиот културен бран“ со цел да ја зацврсти својата улога која веќе ја има на овие балкански простори. Ова што вечерва го гледаме и што ќе се случува во Кавадарци деновиве е доволен предизвик и е од големо значење. Сите создадени дела на колонијата ќе бидат понудени на аукција, а средствата собрани од неа ќе бидат уплатени на сметка за помош на настраданите семејства во поплавените подрачја во Македонија Ја користам приликата да ги поканам граѓаните и претставниците на бизнис секторот да се вклучат во аукцијата и на тој начин да помогнат на поплавените“ рече Ќире Делов.

Директорот на Домот на Културата Владимир Темков кој е главен „виновник“ за прераснувањето на Колонијата „Кавадарци Михајлово“ во голем културен настан, нагласи дека, чуството на едно место да се соберат толку значајни имиња од светот на ликовната уметност е доволна сатисфакција за целиот напор кој лично го чини заедно со вработените во Домот на Културата. Со ова Кавадарци потврдува дека е центар на ликовните случувања кај нас. Дваесет години колонијата спаѓа меѓу најуспешните во Македонија и на овој дел на Европа. На неа досега се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет.

Во рамките на “Кавадарци-Михајлово 2016“ синоќа четвток 27 август започна Џез фестивал со познати балкански џез музичари. А со свој настап, џезерите на отварањето ја направија уметничката вечер уште поубава.

Јавен повик за сите стари и изнемоштени лица

Јавен повик за сите стари и изнемоштени лица

Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица, кои живеат сами, односно со својот брачен другар на кој им е потребна грижа, инвализирани лица на кои им е потребна нега како и лицата со оштетен вид кои имаат потреба од поддршка, да се вклучат во програмата Општинско корисна работа, Проект „Грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“ како крајни корисници.

Јавен повик
Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Јавен оглас за Општинско-корисна работа
Соопштение за спроведување на акција за  Запрашување против комарци

Соопштение за спроведување на акција за Запрашување против комарци

Почитувани,

Општината Кавадарци ги информира граѓаните дека Согласно годишната програма за дезинсекција, почнувајќи од  сабота  30.07.2016 година, па во наредните три дена, ќе изврши запрашување  против комарци.

Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на Општината. ќе го спроведе Центарот за јавно здравје-Велес,

Во оваа прилика се известуваат сопствениците на пчели да превземат мерки на заштита на пчелните семејства, како не би дошло до несакани последици.

Доколку во предвидените денови има врнежи од дожд, тогаш запрашувањето против комарци ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.

ОПШТИНАТА ДОНИРАШЕТ ТРИ ЕЛЕКРТО КОЛИЧКИ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

ОПШТИНАТА ДОНИРАШЕТ ТРИ ЕЛЕКРТО КОЛИЧКИ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

Општина Кавадарци ја продолжува подршката за лицата со хендикеп. Советот донесе одлука, а градоначалникот додели три електрични колички за лица со инвалидност. За оваа намена од буџетот се потрошени 220.000 денари. Потребата за полесен живот на лицата со инвалидност од овие колички е огромна.

„По трет пат, на различни начини и во различни количини донираме вакви колички, со цел да им помогнеме на луѓето  кои имаат хендикеп и се од социјално загрозени семејства. Со тоа на некој начин се обидуваме да им го разубавиме животот, да можат да  прошетаат, да се дружат и да ги извршуваат своите дневни потреби. Минатата година дониравме  пет вакви колички, заедно  со ротари клубот, сега се три. Претходно дониравме и половни. Од претседателот на здружението имаме сугестија да се набават колички со џоистик и за луѓето кои имаат хендикеп на рацете Овие луѓе се наши браќа, братучеди , наши соседи, од нашето маало, месна заедница и апалирам да се вклучи со помош и бизнис секторот. Не само владата, туку и комапниите да започнат да вработуват и тие луѓе со телесен хендиокеп. Сеуште се нема релизирано апелот од „Дрекслмаер“, кој  го прифатија претходно. Најавив уште минатата година, еве уште еден апел, како компанија која вработува најмногу луѓе да издвои дел од својот буџет. Ние сме спремни како ЛС да донираме и да влијаеме финансиски во набавката на едно возило кое ќе ги поревезува овие лицва. Одземеноста на нозете не значи дека не функционира и цело тело.“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Претседателот на Здружението на телени инвалиди „Мобилност“, Михајло Михајлов од името на сите членови искажа благодарност за донираните колички и кажа дека со нив многу им се олеснува секојдневниот живот. „Согласно конвенцијата на Обединетите нации за  израмнување на правата на лицата со хендикеп, со овие донации градоначалникот и локалната самоуправа ни го олеснува нашиот начин на живеење од било кој аспект. Се надевам дека и во идина ќе имаат разбирање и да ни помагаат, бидејќи и ние имаме право на живот. И сепак , филозофски и емотивно,  судбината е непишано правило“ рече Михаилов.

Секретарот на здружението Славка Тотовска очекува дека ваквиот тренд на донирање за лицата со хендикеп ќе се следи и во иднина. „Ова е пример како се врши инклуција на овие лица во општественото живеење. Највата за вработување е уште еден пример дека и овие лица имаат право да се вклучат во образование  и  вработување“ рече Тотовска.

Општина Кавадарци досега има донирано десетина електрични колички, а за лицата со инвлаидитет изграден е лифт во општинската зграда и повеќе платформи за пристап на овие лица во образовните и јавните институции.