Вести

All Blog Posts

Ученици од Кавадарци во посета Бјела – Италија

Ученици од Кавадарци во посета Бјела – Италија

Со поддршка на Локалната самоуправа и бизнис секторот ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци беа во посета на училиштето „Институто Ла Мармора“ во градот Бјела северна Италија,  со кое кавадаречкото училиште повеќе години ја продолабочува образовната соработка.

Денеска во работниот кабинет, овие ученици заедно со наставничката по италијански јазик ги прими градоначалникот Александар Панов кој се интересираше за вшечатоците на учениците како и за разликите во образовниот процес кај нас и во Италија. Учениците ги споделија своите импресии од посетата во Италија со градоначалникот.

„Веќе неколку години ООУ „Гоце Делчев“ со нивниот наставник по италијански јазик имаат соработка со училиштето во Бјела. За прв пат со помош на локалната самоупрва и бизнис секторот овие деца кои се патем речено и прва генерација на  ученици кои го изучуваат италијанскиот јазик имаа можност да се дружат неколу дена со нивните другарчиња од Италија, да го повторат она што го имаат учено. Но  и преку  децата да оствариме и ние возрасните,  некоја соработка. Ние и претходно имавме соработка со градовите во близина на Торино и Милано. Се надевам дека оваа образовна соработка ќе продолжи и понтаму и нивни деца ќе дојдат во Кавадарци да ја  видат  нашата култура и менталитет  и соработката ќе се продлабочува и на други полиња. Моја желба е да воспоставиме и стопанска соработка со општина Бјела. Мислам делка добро е овие ученици да го изучуваат италијанскиот јазик и во средно образование. Правиме напор со МОН и со амбасадата на Италија во Македонија да успееме во намерата и во средните училишта во овој регион се изучува италијанскиот јазик“ рече Панов.

Учениците се задоволни од тоа што можеле да го видат во Италија, од начинот на кој се изведува наставата, но и од комуникацијата меѓу нивните врсници која не е сведена генерално само преку социјалните мрежи. „Воодушевена сум од посетата. Градот е многу чист. Наставата е многу убава. Сите ученици се дружат и комуницираат, за разлика од кај нас, каде  сите седиме на нашите мобилни телефони. Таму има многу поголема комуникација меѓу учениците“ рече Аница Пешиќ ученичка во ООУ „Гоце Делчев“.

Наставничката по италијански јазик во кавадаречкото училиште Даница Мургова нагласува дека кај учениците има голема желба за изучување на италијанскиот јазик. „Италијанскиот јазик е многу застапен во нашето училиште. Учениците имаат многу голема желба да го изучуваат. Нашето училиште е прво кое има ваква меѓународна соработка со училиште од Италија. Се надевам дека учениците она што го видоа таму ќе можат да го применат и тука“ рече Мургова.

Советничката за образование при локалната самоуправа Кавадарци, Зорица В`чкова која исто така беше дел од делегацијата во Италија се надева дека следната учебна година италијанскиот јазик ќе се изучува и во средните училишта но и во други основни училишта. „Мило ми е што продолжи проектот на Националниата агенција за воспитно образовна програма. Учениците го согледаа начинот, методологијата и пристапот во воспитно образовниот проце кој е многу поразличен од кај нас. Се надевам дека следната година ќе имаме и средношколци кои ќе го изучуваат италијанскиот јазик и дека во другите основни училишта во Кавадарци ќе се пројави интерес за изучување на италијанскиот јазик“ рече В`чкова.

Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата

Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов ги додели решенијата за редовен работен однос на поранешни времено ангажирани вработени во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.

Панов додели три решенија за засновање работен однос на неопределено време за еден актер и двајца вработени како помошен песонал. Со овие три нови вработувања во културата од проектот на Владата за вработување домот на културата во Кавадарци ќе се екипира за поквалитетно извршување на работите.

Посебно е значајно вработувањето на актерот Диме Коцевски, кој со неговиот аматерски ангажман во изминатите неколку години успеа како актер и режисер да го раздвижи кавадаречкиот театар и практично да ја реализира програмската определба на градоначалникот и општината за певитализација на кавадаречкиот театар.

Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Советодавен телефон за помош при вработување – соработка помеѓу општина Кавадарци и АВРМ

Oпштина Кавадарци-Локална Самоуправа во соработка со Агенција за вработување на РМ делува во насока на остварување на стратешката определба за зголемување на вработеноста што директно придонесува  на порастот на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот на граѓаните во општината. За таа цел во општината е поставен советодавен телефонски број кој што е наменет за сите лица на кои му се потребни информации и помош при вработување.

Општина Кавадарци континуирано ќе ги информира сите заентересирани невработени лица за можностите, активните програми и мерки за вработување (кредити за самовработување) како и за можностите за обуки, преквалификации и доквалификации на невработените лица,  додека правните субјекти ќе бидат информирани за средствата и поволностите што ги дава државата за проширување и развивање на сопствениот бизнис -што стимулира отварање на нови работни места.

Сите невработени лица од ранливите категории граѓани ќе бидат навремено информирани за сите активни мерки и политики за нивно вработување како и за новите законски измени на законот за вработување на лица со инвалидност кој ќе опфаќа вработување на лица со инвалидност во приватниот и јавниот сектор со што ќе се унапреди целокупниот квалитет на живот на лицата со хендикеп и ќе се обезбеди нивна целосна инклузија во општествените текови.

Ве информираме дека  Агенција за вработување на РМ ги нуди следните услуги:

  • Помош при барање на работа
  • Мотивациски обуки
  • Посредување при вработување
  • Услуги за работодавачите
  • Подготовка за вработување и за работа
  • Професионална ориентација и кариерно советување
  • Услуги за активирање на поединците изложени на ризик од социјално исклучување

Telefon

Советодавен телефонски број – општина Кавадарци 043/ 416-145

 

Достапна администрација за лица со хендикеп

Достапна администрација за лица со хендикеп

И З В Е С Т У В А Њ Е

  

            Општина Кавадарци-Локална Самоуправа ги информира лицата со хендикеп и граѓаните дека започна со реализација и поддршка на проектот “Достапна администрација за лица со хендикеп”.

Проектот има за цел, Создавање на адекватни услови за лицата со инвалидност при остварување на нивните граѓански права и обврски, во правец на  полесен пристап до информации и услуги од Општината.

Локалната самоуправа им соопштува на граѓаните со одреден вид и степен на попреченост, дека, согласно препораките на Министерството за труд и социјална политика започна да ја спроведува интерната процедура за давање на услуги на лицата со попреченост, при што определи и лице за контакт од општинската администрација.

За сите информации лицата со хендикеп може да се обратата до лицето,

Јанинка Леова

тел. 070/ 282-271

e-mail jleova@test.kavadarci.gov.mk

Секој работен ден во текот на работното време.

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

ВО КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ВРАЧЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

 

Процесот на легализација на дивоградбите во Општина Кавадарци започна пред неколку години. Денеска им беа врачени решенијата на 40-сетина граѓанина на кои им е завршена постапката за легализација.

Градоначалникот Александар Панов кој им ги подели долгоочекуваните документи на граѓаните и преставници на правни лица, изјави дека од вкупниот број околу 7.200 барања, донесени се 1.250 решенија, само 8 предмети се повлечени, пострапката е прекината за 2766 предмети што значи постапката за нивно решевање е при крај или е потребен дополнителен документ, додека 3225 барања се во постапка.

Панов напоменува дека околу 40 % решенија кои се во процедура, се потврда дека процесот на легализација добро се одвива, а значајно е што легализацијата кај бизнис секторот е веќе завршен или е при крај.

Што се однесува за легализацијата на објектите во викенд населбите околу Тиквешкото Езеро и на други делви од туристички карактер во Општинава, исто така се одвива без застој, односно во вкупната бројка се влезени и објекти од овие подрачја.