Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ОГЛАС за пополнување на слободни работни места во општинската администрација на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ОГЛАС за пополнување на слободни работни места во општинската администрација на Општина Кавадарци

Согласно член 30, 34 и 35  од Закон за административни службеници (̎Службен весник на РМ̎ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и ̎Службен весник на РСМ̎бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) БАРАМЕ да  објавите јавен  оглас за пополнување на слободни работни места во општинската администрација на Општина Кавадарци-Локална Самоуправа (ЕМСБ 5995965, ЕДБ4011004124215), за следните работни места:

 

  •  УПР 01 01 В03 000 Соработник за изградба и одржување на комунална инфраструктура, Одделение за уредување на градежно земјиште, Сектор за уредување и располагање со градежно земјиште………..(1) извршител;
  • УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник за внатрешна ревизија, Одделение за внатрешна ревизија………..(1) извршител;   
  • УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник портпарол, Одделение за работи на Градоначалникот и односи со јавноста, Сектор за правно-нормативни и општи работи………..(1) извршител;   
  • УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник култура, Одделение за култура и јавни настани, Сектор за јавни дејности  и култура………..(1) извршител;   
  • УПР 01 01 В01 000 Советник локален економски развој, Одделение за подготовка на стратешки и плански документи и подготовка на проектна документација, Сектор локален економски развој………..(1) извршител;   
  • УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт ̎Мој општинар ̎, Одделение ̎Мој општинар̎, Сектор за техничко логистичка поддршка и мониторинг………..(1) извршител;   

Наведените огласи се обајвени на страната на Агенцијата за админисрација на 20.05.2022 година со краен рок на аплицирање до 03.06.2022.

За подетални информации за наведениот оглас траба да се посети станицата на Агенција за администрација .

 

Одбележан денот на пожарникарите во Кавадарци!

Одбележан денот на пожарникарите во Кавадарци!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов, претставници од УНДП и директорот на Биро за регионален развој, присуствувавме на традиционалната парада составена од десет моторни возила специјализирани за противпожарна заштита, од страна на Противпожарната единица Кавадарци.

Справувањето со огнените стихии, кои се најголем противник на пожарникарите, претставува знаење, стекнато искуство, макотрпна работа, а најмногу храброст, одлика која е својствена за секој пожарникар.
Вашата подготвеност, пожртвуваност и професионалност, придонесуваат не само во заштита на човечки животи, туку и на материјални добра.

Нека е честит Денот на пожарникарите!

UNDP MK – 👩‍🚒 Пожарникарите се нашите херои. Тие се… (facebook.com)

ОБЈАВА број 2/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 2/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 2/2022

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, дел од Блок 5.4 Младински КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-1789/4 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба – Б2 – големи трговски единици со компатибилни класи на намена ( А2 -5%) А3, Б3, Б4, Б5, В2, В3, В4 – мах 40 % согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програна за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 16, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 10, дел од Блок 10.2,
“Мито
Хаџи Василев Јасмин”КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

       Граници на планскиот опфат се :

 

на Север границата се движи по границата на Сервисната улица СР9 „Мито Хаџи Василев Јасмин“

 – на Исток границата се движи по осовината на Новопланираната Пристапна улица бр.6 потоа се движи по Станбена улица 2а, и по осовината на Сервисната улица СР4 „Тиквешко Востание“.

на Југ границата се движи по осовината на Сервисна улица СР6 „Ресавска“

на Запад границата се движи по осовината на сервисна улица СР7 „Пионерска“

Вкупната површина на планскиот опфат, што ќе се применува при изработка на Детален урбанистички план за УЕ10, за дел од Блок 10.2, “Мито Хаџи Василев Јасмин” ,изнесува 9,06 ха до осовини на сообраќајници.

Јавна Презентација и јавна анкета  по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци

Јавна Презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година во Општина Кавадарци, глава IV, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и јавна анкета

по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

 

– од северната страна границата на опфат се движи по осовината на ул. „Рајко Жинзифов”,

– на источната страна границата на опфат се движи по кракот од улицата „Рајко Жинзифов“, односно крак 1 и ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“.

 – на јужната страна границата на опфат се движи по осовината на ул. „Домовица“.

 – на западната страна планскиот опфат се движи по осовината на улица „Шишка“.

 

Опфатот е со површина од 3,59 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци,  ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  во просториите на Општина Кавадарци.

 Јавната анкета трае 10 дена, од 25.05.2022 до 07.06.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16 :00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 01.06.2022година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).