Вести

All Blog Posts

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за Блок 5.2 и Блок 5.3, „Опитно Поле 3“

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за Блок 5.2 и Блок 5.3, „Опитно Поле 3“

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2019 година, Глава I, Точка 5, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.2 и Блок 5.3, „Опитно Поле 3“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

–          на север – граница на град

–          на југ – дел од улица Видое Смилевски Бато

–          на запад – улица Ѓорѓи Соколов

–          на исток – река Луда Мара

Површината на планскиот опфат изнесува 8,26 ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.2 и Блок 5.3, „Опитно Поле 3“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 12.04.2022 до 28.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.04.2022 година (Петок) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

                Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 5, Блок 5.2 и Блок 5.3, „Опитно Поле 3“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

  •  

 

Соопштение за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”

Соопштение за организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, глава IV, точка 26, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Повторна Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план  за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

–        на север – осовина на улица “Дисанска“

–        – на исток – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, пешачка улица влез во градскиот парк

–        – на југ – граница на планскиот опфат на ДУП за плански опфат Дисанска Кавадарци, новопредвидена СЕРВИСНА улица – улица 1

–        – на запад – осовина на ул.“Методија Џунов Џико“

Површината на планскиот опфат изнесува 1,9 ха.

 

Повторната Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Повторната Јавната анкета трае од 11.04.2022 до 15.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Повторната Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  13.04.2022  година (Среда) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Повторната Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план  за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Дисанска”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

Градоначалникот Митко Јанчев потпиша меморандум за деловна соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент

Градоначалникот Митко Јанчев потпиша меморандум за деловна соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент

Соработката на Општина Кавадарци со образовните институции е од исклучителна важност за целокупниот образовен процес во нашиот град. Квалитетното образование е клучен сегмент за сигурна иднина на нашите деца.

Денес градоначалникот Митко Јанчев со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, г –дин Аце Миленковски, потпишаа меморандум за деловна соработка помеѓу универзитетот и Општината, преку кој во иднина во делот на образованието ќе се градат заеднички интереси, цели, активности и практикуми за студенти, но и ќе се придонесе за развојот на нашиот локален туризам.

Ова ќе биде од огромно значење за идните студенти и оние кои ќе сакаат да го продолжат своето образование токму на овој Универзитет.

Граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности

Граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности

Денес градоначалникот Митко Јанчев заедно со граѓанските организации ги потпишаа договорите за реализирање на проектните активности од повеќе приоритетни области за 2022 година, согласно распишаниот Јавен повик за прибирање на предлог проекти наменети за организации регистрирани на територијата на Општина Кавадарци.

Јавниот повик траеше од 10.02.2022 до 14.02.2022 година. На истиот се пријавија 25 организации од кои 12 проекти се одобрени за финансирање со вкупна вредност од 2.355.275,00 денари.

 
СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по „Нова Градинка“, КО Кавадарци град

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по „Нова Градинка“, КО Кавадарци град

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2019 година, Глава I, Точка 18, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план  за УЕ 5, дел од Блок 5.1, Нова Градинка, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

  • на север – булевар Методија Андонов Ченто
  • на југ – булевар Видое Смилевски Бато
  • на запад – осовина на планирано речно користо на река Луда Мара
  • на исток – улица Шишка

Површината на планскиот опфат изнесува 11,2 ха.

Read More