Вести

All Blog Posts

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина!

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина!

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Кавадарци  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот  (линк до летокот-мк верзија)

 

 

ОБЈАВА број  03/2022 за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА број 03/2022 за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22), Извештај од извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства, изработен од ДТЛППУТ „Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ увоз–извоз Кавадарци, со деловоден бр.03-01/1 од 21.01.2022 година и наш деловоден бр.10-454/1 од 24.01.2022 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  03/2022

за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22).

     Објава бр.3 Продажба на движни ствари за коли 2022

ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2021 ГОДИНА

ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2021 ГОДИНА

Вчера вечерта во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе” се одржа манифестацијата – Избор на спортист за 2021 година во присуство на претседателот на сојузот на спортови, претседатели и претставници на спортските клубови од Општина Кавадарци, сите спортисти,тренери,пријатели на спорот, вљубеници и помагатели.

Кавадарци од секогаш бил спортски град, меѓутоа изминатите години, лично јас, но и како градоначалник се трудам да помогнам во подобрување на условите буквално во секој еден спорт кој успешно се развива и континуирано расте во нашиот град.

Резултатите кажуваат за тоа, сите успеси кои што ги доживеавме го потврдија нашиот дух, борбениот и спортски дух на тиквешијата и Кавадарци. Јас се додека сум на оваа позиција ќе се трудам максимално да вложувам и да се залагам за сите ние да продолжиме да бидеме горди на нашите деца, нашите сограѓани. Бидејќи спортот е многу важна алатка во психофизичкиот развој на децата а воопшто и за сите.

Честитки и благодарност на сите категории на спортисти, за нивните тренери, за нивниот придонес и заложби за освоени благодарници,медали за сите таленти јуниори и сениори.

Градоначалникот Митко Јанчев даде отчет за првите сто дена

Градоначалникот Митко Јанчев даде отчет за првите сто дена

Предизборната програма се реализира од првиот ден од новиот мандат – рече градоначалникот Митко Јанчев кој даде отчет за сработеното во првите сто дена од вториот мандат. „Силно верувам дека исто како и во претходниот мандат предизборната програма ќе се реализира во многу краток временски период“ рече градоначалникот Јанчев и нагласи дека Кавадарци веќе одамна отскокнува од другите општини во повеќе сегменти.

 

Асфалтирање на ул.Зелен пазар

Асфалтирање на ул.Зелен пазар

 Денес се асфалтира ул.Зелен пазар, на површина од 1200 м/2. Тоа значи дека за првпат куќите кои се лоцирани на таа улица, ќе добијат пристап со нивните возила, а сообраќајницата ќе биде двосмерна заради влез и излез на паркингот на пазарот.

Со оваа сообраќајница ќе постои и кружно движење на сообраќај со ул.Цано Поп Ристов, Зелен пазар и 7-ми Септември, со што движењето во градот нема да биде отежнато како што беше досега. Со асфалтирање на оваа улица и монтирањето на тезгите, пазарот би бил пуштен во употреба за неполн месец.