Вести

All Blog Posts

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ за КП бр.14436

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ за КП бр.14436

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2018 година бр.08-5914/10 од 31.10.2018, Глава IV , точка 32 Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 10, ДЕЛ ОД БЛОК 10.5 “41-ВА ДИВИЗИЈА”, КО КАВАДАРЦИ ГРАД, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ПРЕДЛОГ ПЛАН – ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2022 – 2027

 

           Граници на планскиот опфат се :

 – на север – осовина на улица “И. Мазев“

 – на исток – осовина на улица “41ва Дивизија“

 – на југ – осовина улица “Црноречка“ и улица “Ѓорче Петров“

 – на запад – осовина на улица “Ѓорче Петров“ и улица “Јован Планински“

         Површината на планскиот опфат изнесува 0,9281 ха.

Градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија

Градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија

Денес градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија, Н.Е Петра Дрекслер, како и претставници од амбасадата.

На средбата се разговараше на повеќе теми, како можноста за инвестирање во локалното стопанство, локалната политика, проектите кои се во тек, идните и можната соработка за реализација на овие проекти преку германската амбасада.

Меѓудругото се разговараше и за актуелните проекти кои се реализираат во Општина Кавадарци, односно грантот преку германската КФВ банка како и програмата за водовод и канализација кои моментално се реализираат со помош на истата преку Министерството за труд и социјална политика.

 

Работен состанок на градоначалникот со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Работен состанок на градоначалникот со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Градоначалникот Митко Јанчев имаше работен состанок и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на кој дадоа акцент на идните два капитални проекти кои се планирани да се реализираат во Општина Кавадарци и кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани. Реализација на проектот Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, а во меѓувреме се изготвува и проектот за Дом за стари лица.

На состанокот присуствуваше и директорката на ЈОУ ДГ ,,Рада Поцева’’ Кавадарци Цанка Добринова, која во оваа пригода и врачи плакета на министерката по повод јубилејот од 60 години постоење на Рада Поцева, за досегашната и идна соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 15.08.2023 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Креирање можности за работа за сите”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување на позицијата личен асистент за средношколци со попреченост.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Read More

СООПШТЕНИЕ за организирање  јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“

СООПШТЕНИЕ за организирање јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година во Општина Кавадарци, глава IV, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА  Јавна Презентација и ПОВТОРНА  јавна анкета

по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1  „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци

 

Границата на опфатот е дефинирана:

– од северната страна границата на опфат се движи по осовината на ул.„Рајко Жинзифов”,

– на источната страна границата на опфат се движи по кракот од улицата „Рајко Жинзифов“, односно крак 1 и ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“.

 – на јужната страна границата на опфат се движи по осовината на ул.„Домовица“.

 – на западната страна планскиот опфат се движи по осовината на улица „Шишка“.

Опфатот е со површина од 3,59 ха.

ПОВТОРНА Јавна Презентација и ПОВТОРНА  јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци,  ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  во просториите на Општина Кавадарци.

                ПОВТОРНАТА  јавна анкета трае 5 дена, од 16.08.2023 до 22.08.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

ПОВТОРНАТА  Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 21.08.2023 година (понеделник) во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).