Вести

All Blog Posts

Заеднички активности за намалување на бездомните животни помеѓу Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“

Заеднички активности за намалување на бездомните животни помеѓу Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“

Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“ на 11.06.2021 година, започнаа заеднички активности за намалување на бездомните животни. Меѓу неколкуте активности кои ќе се реализираат е и пописот на кучиња и мачки кои имаат сопственици. До сега попишани се околу 300 кучиња и 150 мачки. Некои од сопствениците не сакаат да ги попишуваат своите домашни миленичиња, со тоа што и тие се евидентираат како такви. Се работи на апликација преку која сопствениците ќе можат и сами да ги внесат своите нови домашни миленици во системот.

Деновиве се започне со монтажа на информативните табли кои ќе бидат поставени на 10 локации во Општина Кавадарци, а на истите ќе бидат испишани совети за грижа и заштита на милениците. Во наредниот период ќе се започне и со уредување на две локации кои ќе се наменат за паркови за миленици со соодветни реквизити.

Реализацијата на овој проект не води кон планирање и реализација на уште еден голем проект кој е од суштинско значење кога се во прашање животните, а тоа е изградба на стационар за згрижување на бездомни кучиња.

Реонска Пописна Комисија бр.17 Кавадарци, го дава следното известување

Реонска Пописна Комисија бр.17 Кавадарци, го дава следното известување

    Согласно Законот за попис на население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на попис на население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија 2021, 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ КАНДИДАТИ КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ за ПОПИС 2021 година, ДЕКА ТЕСТИРАЊЕТО КЕ СЕ ИЗВРШИ НА ДЕН 19.08.2021 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)  ВО ПЕРИОДОТ ОД 10:30 часот и  11:30 часот, ВО ПРОСТОРИИТЕ НА  ООУ,,Тоде Хаџи Тефов,, Кавадарци.

          Пријавените кандидати ке бидат известени и телефонски, од страна на Реонска Пописна Комисија бр.17 Кавадарци.

 

Со Почит

Пописна Комисија за Пописен Реон 17

               Претседател

                Тодор Ефремов

Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Отпочнати градежните работи на објектот чија намена е Вински салон

Градежните работи на објектот чија намена е Вински салон, се одвиваат непречено. Објектот се очекува да биде ставен во функција на 7ми септември. Новиот Вински салон за промоција на малите семејни винарии ќе претставува место каде што секој љубител на вино ќе може да ужива.

Општина Кавадарци во соработка со Здружение на семејни винарии го адаптира просторот за промоција на малите винарии со изложбен простор и промоција, како и дел за енолозите кои стручно ќе презентираат. Со реализацијата на овој проект Општина Кавадарци ќе добие Вински салон по највисоките стандарди а пред се добра презентација на малите семејни винарии. Финансиската вредност на овој проект е 720 000 денари.

Асфалтирање на ул. Блажо Алексов

Асфалтирање на ул. Блажо Алексов

Оперативата на градежната фирма Градба Промет денес започна со асфалтирање на ул.Блажо Алексов. Асфалтирањето се врши во два слоја на површина од 3900 метри квадратни. Претходно, согласно истиот проект беа поплочени и тротоарите на истата улица со површина од 2150 метри квадратни. Финансиската вредност на овој проект е 9 милиони денари.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Се известуваат сите заентересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори.

дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори , објавен во дневните весници: Нова Македонија, Вечер ,Слободен печат и Коха на 20.07.2021 година,на ВЕБ страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk и во седиштата на Комисиите на Пописните реони , наместо до 12.08.2021 година ќе трае до 17.08.2021 година.
Заентересираните кандидати можат да достават електронска пријава која е достапна на https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx до 17.08.2021 година.