Вести

All Blog Posts

Поплочување на улици во Урбана задница Кула

Поплочување на улици во Урбана задница Кула

Согласно Договорот помеѓу Општина Кавадарци како инвеститор и фирмата Павер Трејд ДООЕЛ Кавадарци како изведувач, денес се започна со поплочување во УЗ Кула со што ќе бидат опфатени два крака од ул.Блажо Алексов, потоа ул.Лазо Мицев, ул.Лазо Калешков, партерно уредување кај Симбимед и Бул.Македонија, краци на ул.Цано Поп Ристов и ул.Орце Николов. Вкупната вредност на овој договор изнесува 3.630.000,оо денари.

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица

Општина Кавадарци преку МТСП и Црвен крст-Кавадарци со средства во висина од 12 милиони денари ке се грижи за 100 лица, главно изнемоштени, болни, луѓе кои сами неможат

да се опслужуваат. 20 негователи кои се со лиценци ке ја работат ова работа една година, но понатаму се стварат услови ова дејност да стане постојана и да заживее без временски

ограничувања, како постојана служба со свои овластувања и дејност.

Градоначалникот Митко Јанчев деновиве го посети центарот и беше запознат со можностите кои се нудаат.

Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на  ул.Маршал Тито и асфалтирање во с.Сопот

Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на ул.Маршал Тито и асфалтирање во с.Сопот

Во тек е реализација на проектот  “Реконструкција на водоводна линија за краци на ул. Илинденска и крак на  ул.Маршал Тито и асфалтирање” во с.Сопот, кој опфаќа замена на дотраените водоводни цевки со ПЕ црева. 

После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува прередување со бехатон коцки на дел од улиците, а на дел асфалтирање. Инвеститор на проектот е општина Кавадарци со добиени гранд средства  за успешно реализиран проект финансирани  преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за Финансии, поддржан од Светска банка. Проектот има за цел подобрување на квалитетот на животот на месното население. 

Известување по Јавни повици за продолжување на рокот за пријавување

Известување по Јавни повици за продолжување на рокот за пријавување

Ве известуваме дека Јавните повици за Програмата Општинско-корисна работа се продолжени до 13.08.2021 за позициите:

1.      Сервис за достава на намирници до стари лица со нарушена здравствена состојба

2.      Лични асистенти за деца со попреченост во средните училишта

3.       Асистенти за поддршка на локалниот центар за донации и ,,Банка за храна

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа 2021

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа 2021

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 04.08.2021година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа 2021

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Лични асистенти за деца со попреченост во средните училишта “со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-лица кои се долгорочно невработени, над 12 месеци во евиденција на Агенцијата за вработување

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години корисници на социјална помош

– лица кои се социјално загрозени и кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот ќе имаат предност

-жртви на смејно насилство

      – самохрани родители

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

  • Лични асистенти за деца со попреченост во средните училишта

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување Кавадарци и Центар за вработување Кавадарци во периодот од 04.08.2021година до 10.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина  Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кавадарци кај лицето Марија Камчева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци   кај лицето Велика Мурџевалеска и Центар за социјлна работа Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.