Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

            Врз основа на член 18 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/20), Јавниот повик за членство во Локално Собрание на млади на  општина Кавадарци (арх. бр. 09-2166/1 од 28.03.2023 година), како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен повик за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци (арх. бр. 09-2166/2 од 04.08.2023 година), донесена од страна на Локалното собрание на млади на општина Кавадарци, а во врска со членовите 128-ѓ од Статутот на општина Кавадарци („ Службен гласник на општина Кавадарци“ бр…08/06..21/75), Локалното собрание за млади на општина Кавадарци, распишува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци

 

            Локалното собрание на млади на општина Кавадарци распишува Јавен повик за избор на членови на Локален младински совет на општина Кавадарци.

            Овој Јавен повик е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско организирање и здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општина Кавадарци, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на општина Кавадарци;
  • Да се основани и активни најмалку една (1) година пред отварањето на овој Повик;
  • Предложениот/та кандидат/ка за член/ка во Локалниот младински совет на општина Кавадарци да е жител на општина Кавадарци и да е на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик се објавува на интернет страницата на општина Кавадарци.

                        Кандидатите за членови во Локалниот младински совет имаат право на кратка презентација на својата програма пред членовите на Собранието, по што следува постапка на гласање. Собранието на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади. За избрани членови на Локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

            Членовите на Локалниот младинки совет се верификуваат од страна на Советот од општина Кавадарци, по добиена Одлука за избор на членови на Локален младински совет од страна на Собранието на млади на општина Кавадарци.

Од избраните членови на Локалниот младински совет се избираат претседател и заменик- претседател. Членовите на Локалниот младински совет на општина Кавадарци се бираат со мандат од две (2) години, со право на уште еден (1) избор.

Read More

ЗАКЛУЧОК

ЗАКЛУЧОК

 

 

За одржан состанок на Комисија за доделување на парична награда за ученици и ментори од основни и средни општински училишта во Општина Кавадарци за посебни достигнувања на државни и меѓународни натпревари

 

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02, 95/20), член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци“ број 08/05…75/21), по донесување на 

,,Правилник за доделување на парична награда за ученици и ментори од основни и средни општински училишта во Општина Кавадарци за посебни достигнувања на државни и меѓународни натпревари” бр. 08-2713/22 од 27.04.2023 година од Советот на Општина Кавадарци на 26-та седница, одржана на ден 28.04.2023 година, расправајќи по доставената  документација од ООУ и СОУ потполнети од ученици и ментори заедно со комплетна документација и дипломи, во согласност со член 8 од наведениот Правилник, Комисијата на седница одржана на ден 12.07.2023 година  го донесе следниот:

 

З  А  К  Л  У  Ч   О  К  

 

1.СЕ УСВОЈУВААТ Доставените формулари заедно со комплетна документација и дипломи во прилог од Основните и Средните училишта, потполнети од наградени ученици и ментори на Државни и Меѓународни натпревари за учебната 2022/2023 година:

 

  • Одобрените финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2023година се со вкупен износ од 800.000,00денари, додека вкупниот износ од доставените пријави за наградените ученици и ментори изнесува 954.847,88 денари.
  • Поради голем број на ученици и ментори кои беа пријавени, Комисијата за наградување едногласно одлучи да достави предлог до Советот за зголемување на финансиските средства, на првата наредна редовна седница на Совет, по што ќе биде објавена конечна листа на наградени.

 

  1. Заклучокот  влегуваа  во сила со  денот на донесувањето.
Повик за Идеи – Старт-ап Програма за Туристички Иновации

Повик за Идеи – Старт-ап Програма за Туристички Иновации

Дали сте готови да ги трансформирате индустриите за патување, туризам и угостителство? Тогаш ова е Вашата шанса! Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот.

Рок за аплицирање: До 20 август 2023 година на следниот линк:

Форма за аплицирање за учество во старт-ап програмата Туристички иновации во Вардарскиот регион https://wkf.ms/44OD5Nz

 

Сакате да се приклучите на нашата старт-ап програма? Еве што треба да знаете:

Цел на Програмата:

Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство.

 

Што бараме:

Тимови со иновативни старт-ап идеи или решенија во фаза на прототип кои се фокусирани на туризмот, најмалку двајца, а најмногу пет членови.

 

Што нудиме:

Сите избрани тимови ќе имаат можност да се приклучат на старт-ап програмата “Туристички иновации во Вардарскиот регион”, организирана од Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамките на проектот “Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион” (INNO-ECOSYSTEM). Овој проект е кофинансиран од Европската унија и од националните фондови на земјите учеснички.

 

План на Програмата:

11-15 септември 2023 година: Тренинг обука за Design Thinking

21-23 септември 2023 година: 48-часовен Хакатон

Не чекајте, пријавете се сега и бидете дел од иновативната старт-ап сцена во областа на туризмот во Вардарскиот регион!

За повеќе информации и за аплицирање, посетете го нашиот веб-сајт: https://vardarregion.gov.mk/2023/07/20/повик-за-учество-во-старт-ап-програма-т/повик-за-учество-во-старт-ап-програма-т/

ЈАВЕН ПОВИК  за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на штети за ненаводнети земјоделски површини
предизвикано од хаваријата на сифонот – Макарија

на левиот магистрален пат
КО. Дреново – Општина Кавадарци

Општина Кавадарци ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на
земјоделски насади од ненаводнување предизвикано од хаваријата на
сифонот- Макарија на левиот магистрален канал КО. Дреново – Општина
Кавадарци, која е настаната на 27.05.2023, да ја пријават штетата на своите
насади во просториите на Општина Кавадарци.

ОБЈАВА број 2/2023

ОБЈАВА број 2/2023

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВА број 2/2023
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

  1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за локалитет „Парк“ 2001-2006, донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 07-921/3 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена на градба –А1 индивидуално домување со согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење,
    почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

         ПРАВО НА УЧЕСТВО

          Право на учество на јавното наддавање имаат:

          1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на                  Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

          2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер              на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои
          не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на
          територијата на Република Северна Македонија.