Вести

All Blog Posts

Асфалтирање пред домот во с.Ваташа

Асфалтирање пред домот во с.Ваташа

Заврши асфалтирањето пред домот во с.Ваташа. Се асфалтираше површина од 680 метри квадратни. По истиот договор ќе се започне и со асфалтирање на ул. Моклишка, кое треба да започне во наредните денови. Изведувач на работите е фирмата Градба промет, а вкупната финансиска вредност е 1 635 000 денари.

Комуналната изградба на ул.Илинденска

Комуналната изградба на ул.Илинденска

Во завршна фаза е комуналната изградба на ул.Илинденска. Се работеше на поставување на атмосферска канализација а потоа асфалтирање со површина од 950 метри квадратни. Согласно истиот проект беше извршено и поплочување со површина од 300 метри квадратни. Проектот се реализира по барање на жителите од овој дел од градот а изведувач на работите е фирмата Градба промет.

Поставувањето на водоводната линија во населбата Ресавски залив на Тиквешкото езеро

Поставувањето на водоводната линија во населбата Ресавски залив на Тиквешкото езеро

Во крајна фаза е поставувањето на водоводната линија од с.Ресава до Викенд населбата Ресавски залив на Тиквешкото езеро. Поставена е линија со попречен пресек ф-63 со должина од 2000м и секундарна мрежа кон 60 објекти. Изведувач на овој проект е фирмата ДАНСА-ТРЕЈД Скопје.

Исто така на овој дел од страна на ЈП Комуналец Кавадарци беа поставени дополнителни 250м водоводна линија со попречен пресек ф-63.

Ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро

Ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро

Aнгажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на поставување на комплетно ново улично осветлување во населба Голеш лоцирана на Тиквешкото Езеро. Оваа населба досега немаше улично осветлување а е една од најголемите населби на Тиквешкото Езеро. Во прва фаза се поставени околу 50 столбови а во наредната фаза ќе се постават и нови светилки. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за живеење за сопствениците на куќи во оваа населба, како и за туристите кои го посетуваат Тиквешкото Езеро.

 

Јавен повик за мапирање на самохрани родители

Јавен повик за мапирање на самохрани родители

Општина Кавадарци во соработка со Здружение за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!-Скопје, ќе спроведе мапирање на самохрани родители и тоа:

-самохран родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат или исчезнат

-самохран родител на дете чиешто татковство не е признаено

-самохран родител, чиј што статус го добил преку развод на брак

Според тоа, ги повикуваме граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Кавадарци да го потполнат овој анкетен прашалник.

https://docs.google.com/forms/d/1M246dGcLqoSxkv7jV-i_0QdVdGOQcJJEVo93bDCCVF8/edit

Линк од анкетниот прашалник.