Вести

All Blog Posts

Проектот за поврзување на локални патишта – Механизам за жалби и поплаки

Проектот за поврзување на локални патишта – Механизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Кавадарци аплицираше со проект за Реконструкција на  улица ˮДисанскаˮ со должина од 324,0м, и Реконструкција на  улица ˮЗападен Булеварˮ со должина од 609,0м, за кои во најскоро време ќе се започне со нивна имплементација на терен.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Кавадарци пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Кавадарци и  ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Врз основа на член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2021 година бр.08-6496/26, член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилник за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на  Општина Кавадарци за купување на  енергетско ефикасни грејни тела бр.08-4989/6 од 25.09.2020 и Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година  бр.08-3077/11 од 27.05.2021, Општина Кавадарци распишува

 

 ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

 

  1. Опис на Јавниот повик
  • Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
  • Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето и тоа од 28.05.2021 година заклучно со 16.06.2021 година.
  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот Јавно извлекување“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:
  • Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.

Read More

Доделени благодарници на фудбалерите и управата на ГФК Тиквеш

Доделени благодарници на фудбалерите и управата на ГФК Тиквеш

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев, од името на Локалната самоуправа Кавадарци и Советот на Општина Кавадарци на сите фидбалери и управата на ГФК Тиквеш,им доделија Благодарници за големиот успех, за пласманот во најелитното фудбалско натпреварување ПМФЛ.

Само напред момци!

Покана за доставување на понуди за изведба на градежни и инженерски работи во Општина Кавадарци, Програма за водовод и канализација Македонија, фаза II

Покана за доставување на понуди за изведба на градежни и инженерски работи во Општина Кавадарци, Програма за водовод и канализација Македонија, фаза II

ЈП Комуналец Кавадарци со финансиски средства  од KFW, за потребите на Програмата за Водовод и канализација во Македонија, фаза II, има намера да искористи дел од средствата за исплата според договорот за набавка на работи во Општина Кавадарци. Овој договор ќе биде финансиран со грантови од германска билатерална соработка, преку KFW.