Вести

All Blog Posts

Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски

Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски

Денес на градскиот плоштад започна потпишувањето на пристапници за членство во Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски. Првата пристапница за членство беше потпишана од страна на Градоначалникот Митко Јанчев. Потпишувањето денес ќе трае до 20 часот а од утре пристапници ќе можат да се потпишат во просториите на ТППЕ Кавадарци. До сега се потпишани околу 150 пристапници.

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци со цел да обезбеди транспарентен, интегрален, ефикасен и правичен систем во кој ќе ги опфати мерките и средствата кои што се потребни да се подобри квалитетот на граѓаните кои живеат во општина Кавадарци. Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми на ранливите групи на граѓани, анализа на капацитетите на постоечките социјални услуги и потреби за развој на социјалните услуги во општината. Социјалниот план е за периодот 2021-2024 година и е стратешка рамка која се имплементира преку проекти, планови и програми на општината.

 
 
 
 
 
 
Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки

Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки

Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки со вкупна површина од 2300 метри квадратни, на повеќе улици во градот и локалните патишта.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа  (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20 и 279/20), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:

Локација бр.1

Описни податоци: На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја).

Исто така, во склоп со оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли коиштво се заеднички за сите предвидени корисници, подиум, ограден подиум со пристапна рампа и посебна настрешница од челик во шестоаголна форма. Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:

  • Подиум – 46,60м2
  • Долно ниво – 107,00м2
  • Горно ниво – 122,64м2, заедно со шанк

            Вкупно: 276,20м2.

 Локација бр.2

Описни податоци: Локацијата бр.2 е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 159м2.

 

Локација бр.3

Описни податоци: Оваа локацијата е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 153,6м2.

 

Локација бр.4

Описни податоци: Оваа Локацијата делумно е покриена со метална конструкција (настрешница) » 102м2 и останатиот дел е непокриен » 138м2 или вкупно 240м2. Постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски.

Јавниот повик ќе се објави на веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.

Надоместокот за користење на просторот изнесува 5 денари/1м2.

На корисниците на просторот Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе им издаде соодветен управен акт одобрение за поставување на урбана опрема согласно одредбите од Законот за градење во кој ќе бидат дефинирани сите услови под кои треба да се постави истата.

 

Напомена:

Барателите имаат обврска за времетраењето на користењето на просторот, истиот привремено да го отстапат на користење на јавните општински претпријатија и установи доколку се јави неопходна потреба за негова употреба од истите во случај на организирање на јавни манифестации или други приредби и собири со научна, уметничка, културна или спортска содржина.

Барателите имаат обврска на сопствен товар и одговорност да го решат одведувањето и испуштањето на отпадните води (комунален отпад и фекалии), преку поставување и вградување на септички јами заради заштита од загадување на животната средина.

 

Барателите имаат обврска на сопствен товар и одговорност да го решат и обезбедат снабдувањето со електрична енергија од  постојната електроенергетската инфрастуктура со надлежните служби на ЕВН Македонија, доколку при вршењето на дејноста им е потребна поголема моќност во испораката на електрична енергија покрај постојната од 4kw што реално постои за предметните локации.

Исто така се напоменува дека сите горенаведени инвестициони вложувања како и други кои ќе произлезат од самиот процес на дејноста остануваат трајно да постојат и нивните инвеститори немаат право да ги отстрануваат или демонтираат ниту пак да бараат надомест на штета на име инвестиционо вложување.

Прилог: Графички дел од локациите

Форум на заедницата – Општина Кавадарци

Форум на заедницата – Општина Кавадарци

Во општина Кавадарци ќе се одржи онлајн форум во заедницата во рамки на проектот ,,Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”. Преку форумите во заедницата ќе се овозможи вклучување на граѓаните со цел обезбедување услови за приоритизирање на програмите и проектите како и подобрување на структурата на програмите. 

Линк за регистрација