Вести

All Blog Posts

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА  „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

Општината Кавадарци деновиве започна со реализирање на нов комунален проект во насока на подобрување на градската инфраструктура во делот наменет за пешаците и велосипедистите.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот дотраен тротоар на делница од улицата „Блажо Алексов“. Се отстранува старата бетонска подлога во должина од 500 метри на потегот од поранечната „дистрибуција“ до социјалните згради. Механизацијата работи на подготовка на тлотo за тампонирање и поставување на павер елементи.

На наведената локација општината ќе гради пешачко велосипедска патека. По завршуваето на проектот на тој дел од улицата лоциран непосредно до кејот шеталиште ќе се оформи нов урбанизиран простор кој ќе создаде услови за побезбедно движење на пешаците и велосипедистите на една од најфрекфентните улици во старото градско јадро.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА  „ФУШТАНИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

Уличната градска мрежа од денеска добива нови урбанизирани 300 квадратни метри. Оперативата на фирмата „АС машини“ од Кавадарци изврши поплочување со павер елементи во должина од 30 метри.

Со урбанизацијата на овој скромен простор, општината реши значаен проблем на граѓаните од тој дел на градот кои повеќе нема да имаат провлеми со непречениот и безбеден пристап до своите домови.

Со оваа активност општината интервенира во заокружување на урбанизацијата на повеќе улици каде се останати неизградените  споредни делови.

Крајната цел на проектот е во Кавадарци да се урбанизираат сите недовршени делови од улиците.

Проектоt е дел од програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци во Урбаната заедница „Ваташа“.

ЈАВЕН ПОВИК за претрпено материјална штета од природна непогода-голомразица

ЈАВЕН ПОВИК за претрпено материјална штета од природна непогода-голомразица

Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода-голомразица која што го зафати подрачјето на територијата на општината, во деновите 08, 09, и 10.04.2021 година, истата да ја пријават во просторите на општина Кавадарци. 

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 21.04.2021 година до 06.05.2021 година во периодот  од 08:30 до 16:30 во Граѓански услужен центар.

Покрај барањето пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).

 

 

 

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р Митко Јанчев

НЛБ Банка донира 16 преносни компјутери во 4 основни училишта во општина Кавадарци

НЛБ Банка донира 16 преносни компјутери во 4 основни училишта во општина Кавадарци

Општина Кавадарци прими донација од НЛБ БАНКА за 4 oсновни училишта ООУ „Димката А. Габерот“ Кавадарци, ООУ „Димката А. Габерот“ с.Ваташа, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Тошо В. Пепето“, како поддршка во реализација на наставата со далечинско учење ( on line ). Од страна на НЛБ Банка беа донирани 16 преносни компјутери марка HP 255 со лиценциран оперативен систем Win Pro 10 64 Bit заедно со ранец NB Backpapack ADDISON за секој лаптоп.
Компјутерите ќе им бидат доделени на ученици кои немаат можност за следење на настава од далечина.