Вести

All Blog Posts

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТ

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТ

Градоначалникот м-р. Митко Јанчев, претседателот на советот Ристо Сакалиев и општинската администрација денеска на платото пред општинската зграда симболично со пуштање во воздух на сини балони, го одбележаа втори април Светскиот ден на свесноста за аутизам.

Во изјавата Јанчев истакна дека општината  е  со јасна определба во заштитата и почитувањето на правата на лицата со аутизам, посочувајќи дека: „Денешниот ден не постетува дка околу нас има лица кои не треба оттргнеме од вкупните процеси во општетството, нута пак да ги заборавиме“.

Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на водоводна линија за краци на ул.”Илинденска”, крак на ул. “Маршал Тито” со асфалтирање во с.Сопот

Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на водоводна линија за краци на ул.”Илинденска”, крак на ул. “Маршал Тито” со асфалтирање во с.Сопот

Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на водоводна линија за краци на ул.”Илинденска”, крак на ул. “Маршал Тито” со асфалтирање во с.Сопот. Овој Повик ја следи Општата објава за набавки за овој Проект односно спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2).

 

Повик за поднесување на понуди – PDF

 

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година,глава IV,точка 48 со Одлука бр. 08-7017/3 од 25.12.2019 година, од Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарци.

Граници на опфатот се :

 на север, северозапад – КП 156, КП 155, КП 152, КП 164/2, КО Бегниште на исток, североисток  КП 2128, КО Бегниште, општински пат на  југ – КП 164/3,  КП 166,  КП 167, КП  161, КП 437, КП  434, КП 435, КОБегниште на запад, југозапад – КП 164/1, КО Бегниште –   површина на планскиот опфат изнесува 2,7439 ха

Јавна Презентација и јавна анкета по Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Локална урбанистичка планска документација во просториите на Општина Кавадарци.

 

                Јавната анкета трае 5 дена, од 05.04.2021 до 09.04.2021година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

          Јавна Презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 07.04.2021 година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Локална урбанистичка планска документација за Б5 – Хотелски комплекси (угостителско и туристички капацитети), на КП 436, КП 438/1, КП 438/2, КП 439, КП 440, КП 157, КП 158, КП 159, КП 160, КП 162, КП 163/1, КП 163/2, КП 163/3, КО Бегниште, општина Кавадарциќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јаната презентација и јавна анкета задолжтелно треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

 

 

 

АСФАЛТИРАН НОВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

АСФАЛТИРАН НОВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општина Кавадарци денеска заокружи уште еден комунален проект  со кој беа опфатени повеќе улици.

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на новата траса од улицата „Доне Попов“ во должина од 90 метри. Целта на проектот е да ја спои улицата „Доне Попов“  со улицата „Григор Прличев“.

Согласно проектот општината претходно работеше на пробивање, нивелирање на подлогата, како и на поставување тампон. и рабници. Во завршната фаза уследи асфалтирање.

Проектот за пробивање и спојување на улицата е на барање на жителите, а во рамките на програмата за комунална изградба во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.

АСФАЛТИРАЊЕ  НА ДЕЛ ОД  УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Oперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица денеска ги изведува завршните работи за асфалтирање на дел од ул.„Методи Џунов-Џико“ близу локалитетот „Калница“.

Ќе се асфалтираат 400 метри од улицата со што завршуваат градежните работи на капиталниот проект на Општина Кавадарци: „За подобрување на општинските услуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, за социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на ул.„Клинска“ и дел од ул.„Методи Џунов-Џико“.

Работите на овој капитален проект започнаа во декември 2019 година, а денеска  се работеше на негово целосно заокружување.