Вести

All Blog Posts

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

Ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на пробивање крак од улицата „Вуко Каров“ во населбата „Парк“.

Според проектот на општина Кавадарци се гради нова улица во должина од 140 метри.

Проектот се реализира како дел од програмата за комунална изградба.

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

            Општина Кавадарци  со нов проект го обновува градскиот парк. Во оваа фаза од работите се врши санирање на оштетувањата на постојните патеки, како и на оформување на нови патеки и содржини.

            Ангажираната оператива на фирмата „ТЕС инжинеринг“ од Скопје денеска ги прередуваше оштетувањата на дел од патеката под Спомен костурницата. Специјализираната екипа работници ги прередуваа гранитните коцки. Освен ова се врши и санација на оштетените и рушени делови од парапетните камени ѕидови. Суштински дел од овој капитален проект на општината е задржувањето на оргиналнот стил на градба, како и на материјалите, со што нема да се наруши автентичноста на градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

            Проектот предвидува и изградба на  две нови пешачки патеки на второт ниво како продолжение на постојните, со што ќе се заокружи шеталиштето до костурницата и од западната страна  со панорама на градот. новите патеки ќе бидат со должина од 520 метри. Овој дел од реконструкцијата ќе се заокружи со изградба на нова јавна чешма која ќе го симболизира виното.

            За реализација на овој проект општината од буџетот че инвестира 1.151.359 денари.

            Претходно во склоп на кампањата за ревитализација на градскиот парк општината изврши целосно расчистување на површината на паркот, како и на добар дел од уништената хортикултура, при што се изврши нејзино целосно обновување со нови садници и трева.

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА  ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“

Министерката за образование Мила Царовска денеска беше во работна посета на општина Кавадарци. Во придружба на градоначалникот м-р.Митко Јанчев изврши увид во градежните работи на изградбата на спортска сала во општинското основно училиште „Страшо Пинџур“.

Спортската сала во училиштето ќе овозможи подобрување на наставата по физичко воспитување, а ќе се користи и за друг вид манифестации и настани.

Министеркста Царовскa и градоначалникот Јанчев оценија дека ова е капитален инфраструктурен објект, кој заеднички го градат општината и државата, а е во правец на заедничките определби за унапредување на условите во образованието.

Првачиња од училиштето на Царовска и Јанчев им подарија симболични благодарници со посвета изработени од учениците, како знак за благодарност што наставата по физичко образовзние во иднина ќе ја изведуваат во современи услови.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2021

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2021

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (̎Службен весник на РМ̎ бр.11/15, бр.35/18 и ̎Службен весник на РСМ̎бр.303/2020),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 03/2021

За унапредување на 3 административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 3 (три) извршители и тоа :

 

  1. УПР 01 01 Б03 000 Помошник Раководител на Сектор за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси……………1 (еден) извршител;
  2. УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за правно-нормативни и општи работи, Сектор за правно – нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител;
  3. УПР 01 01 В01 000 Советник за култура и јавни настани, Одделение за култура и јавни настани, Сектор за јавни дејности и култура…………………..1 (еден) извршител.
Одлука за именување на лица кои во Пописот на населението за 2021 година ќе бидат ангажирани во својство на Реонски попишувачи

Одлука за именување на лица кои во Пописот на населението за 2021 година ќе бидат ангажирани во својство на Реонски попишувачи

Во својство на попишувачи во Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година за Пописниот реон бр. 17 Кавадарци се избират следните лица:

Табела