Вести

All Blog Posts

Започнаа градежните активности за изградба на новиот парк на ул.Киро Крстев

Започнаа градежните активности за изградба на новиот парк на ул.Киро Крстев

На терен работи фирмата ЈА-МИ со чии машини се расчистува површината. Овие градежни активности се донација од истата фирма. Паркот ќе биде исполнет со различни садници како и содржини за рекреација и украсна фонтана.

 

НОВИ ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ  ВО УЗ „СЛОГА “

НОВИ ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ ВО УЗ „СЛОГА “

Општината Кавадарци  успешно реализираше уште еден проек од комуналната изградба. Во Урбаната заедница „Слога“ се изврши  поплочување на тротоари од улиците: „Беласица“, „Авала“, „Преспа“, потоа на улицата, како и на краци од улицата „Браќа Џунови“.

Изведувач на работите беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци, чија оператив во периодот од јануари до март оваа година поплочи површина од 2400  метри квадратни.

Проектот е поголема јавна набавка на општината со кој се обновиа дел од постојните и се пробиа нови тротоари на споменатите улици. Целокупната површина беше покриена со павер елементи (бехатон коцки).

Поплочувањето е реализирано на барање на граѓаните од УЗ „Слога“.  

СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ ја рационализира потрошувачката на вода за пиење од градските чешми.

Во тек е акција на надлежните за вградување на ножни вентили со кои се активира протокот на водата во јавните чешми. Со овој зафат ќе се подобри фунционирањето на чешмите, и ќе запре прекумерното и непотребни истекување и трошење на водата за пиење.

Досега вакви вентили се вградени во чешмите: кај противпожарниот дом, пред „НЛБ“ банка на ул.„Илинденска“, кај парк „Полана“, потоа  во таа пред ДТВ „Партизан“, во чешмата на ул. „Киро Крстев“ кај  „ИНЕЛ“ “ и на ул. „Браќа Џунови“ пред поранешна „Таска“.

Акцијата продолжува и во наредниот период кога се предвидува поставување на ножни вентили и во останатите јавни градски чешми.

Во Кавадарци има поставено околу 25 чешми на јавна површина, чија вода граѓаните ја користат за пиење и освежување.

 

Одлука за избор на Реонски инструктори на територија на Општина Кавадарци

Одлука за избор на Реонски инструктори на територија на Општина Кавадарци

Врз основа на член 30 став 4 од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 19/21) и член 13 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските инструктори и реонските попишувачи бр.01-310/4 од 15.02.2021 год., директорот на Државниот завод за статистика, донесе

ОДЛУКА
за избор на лица кои во Пописот на населението, домаќинствата и
становите во Република Северна Македонија, 2021 година ќе бидат
ангажирани во својство на Реонски инструктори
во Пописниот реон бр.17 Кавадарци

 

  • Во својство на реонски инструктори во Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година за Пописниот реон бр.17 Кавадарци се избираат следните лица:

Име презиме

  1. Весна Филипова
  2. Никола Стеваноски
  3. Владанла Пончева
  4. Јованка Каролоска
  5. Стефан Видиков
  6. Марјан Камчев
  7. Соња Велковска
  8. Благица Мантева
  9. Драгица Малинкова
  • Со лицата од точка I од оваа Одлука, директорот на Државниот завод за статистика ќе склучи договор за дело со кој ќе се утврдат правата и обврските на реонските инструктори.
  • Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесувањето.
  • Одлуката да се објави во седиштето на Комисијата за пописниот реон.

 

НОВИ КЛИМА УРЕДИ ЗА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ  „ГАБЕРОТ“ ОД ВАТАША

НОВИ КЛИМА УРЕДИ ЗА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ГАБЕРОТ“ ОД ВАТАША

Општина Кавадарци деновиве инсталираше 18 нови инвертор клима уреди во просториите на основното училиште „Димката Ангелов-Габерот“ во Ваташа.

Клима уредите се добиени од владата врз основа на учество на општината во Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањет за 2020 година.

Со овој проект општината и владата директно инвестираат во подобрување на условите за работа на учениците, наставниот кадар и вработените во образованието.

Очекуваниот ефект од оваа инвестиција е намалувањето на аерозагадувањето во градот.