Вести

All Blog Posts

СТАТИЧКИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ОБЈЕКТИТЕ ОКОЛУ  „ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР“

СТАТИЧКИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ОБЈЕКТИТЕ ОКОЛУ „ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР“

Општина Кавадарци продолжи со градежните активности на Градскиот зелен пазар.

Согласно динамиката на работа денеска започна дупчењето на нултото ниво каде треба да се постават 64 армирано бетонски колци. Овие колци се вградуваат во земјата, а имаат за цел да го стабилизираат земјиштето и да спречат оштетување на темелите на постојните околни објекти. Секој армирано бетонски колец е со височина од 10 метри.

Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“, а проектот за современ покриен пазар е изработен од архитектонското биро „Дизајн центар Инжинеринг“ од Кавадарци. Општината на старата локација ќе гради пазар  во  две  нивоа  за  паркирање  и  едно  ниво  за  продажба  на  свежи  зелени производи,  како  и  производи  кои  бараат  посебни  услови.

Во  функционална  смисла  објектот  ја  задржува  својата  постојна намена  која  се збогатува  со дополнителни содржини. 

Трите  нивоа меѓусебе се поврзани  преку  вертикални  комуникации:  скалници, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за луѓе. Конструкцијата  на  објектот  е  комбинација  од  бетон  и  челик.

Општината Кавадарци за изградба на објектото ќе инвестира 102.616.159 денари.

Во времето на изградба на новиот пазар, неговата функција ќе ја обавува пазариштето на локацијата на Булеварот „Никола Минчев“.

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПРОБИЕНИОТ „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПРОБИЕНИОТ „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

 Оперативата на фирмата „Градба промет“ денеска заврши со асфалтирање на новиот пробиен дел на „Западен булевар“ кај спојот со улицата „Ѓоре Брушански“ до „Кавадаречки дол“. Со тоа финиѓираше изградбата на улица која е значајна сообраќајница во овој дел на Кавадарци.

Претходно општината ја реконструираше старат подземна инфраструктура на водовод и каализација (фекална и атмосферска). На оваа делница се посатавиа и нови линии, по што следеше асфалтирање.

Урбанизацијата се заокружи со поставување на нова линија од системот на јавно улично осветлување на високи метални столбови  со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.

Донација на опрема во Територијалната противпожарна единица Кавадарци

Донација на опрема во Територијалната противпожарна единица Кавадарци

Денес од страна на Дирекција за заштита и спасување е донирана опрема на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Донацијата вклучува: еден сет воздушни перници за кревање на терет,еден сет хидраулични потпирачи за стабилизирање на тешки и лесни возила, како и за стабилизирање на урнатини од земјотрес. Голема благодраност до Дирекцијата за заштита и спасување за оваа донација. Со оваа опрема нашата Противпожарна единица, која е една од најдобро опремените во државата, ги зголемува своите можности да им биде во корист на граѓаните на нашата општина.

Примопредавањето на донацијата го направија заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување г-дин Зулфикар Зејнулаи и градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

 

 

 

Градоначалникот на Општина Квадарци м-р Митко Јанчев, упати честитка по повот 8 март меѓународниот ден на жената

Градоначалникот на Општина Квадарци м-р Митко Јанчев, упати честитка по повот 8 март меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки,

Во мое лично име, во име на советот и општината, Ви го честитам осми март, меѓународниот ден на жената.

На овој празник произлезен од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените, треба да ја потврдиме нашата решителност, секој ден од годината да работиме за остварување на таа еднаквост.

Жените играат клучна улога во сите делови од животот во општината Кавадарци.

Искрената и берзрезерва поддршка во постојаното развивање на женските права е инвестиција за здраво општество и просперитетна општина.

Кога жените се здрави и обарзовани нивните семејства цутат.

Кога жените имаат можност да работат и да заработуваат како рамноправни партнери во општетството, смејствата им напредуваат.

Кога жените живеат без насилство нивните семејства се хармонични. А кога семејствата се стабилни, стабилни се заедницата и државата.

Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со КОВИД-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. А токму Вие жените денес, со одлучност, храброст, посветеност и мудрост чекорите кон надминување на таа реалност чекорејќи кон здрави и подобро општество.

Тоа е наша заедничка битка што не води кон промените во едно подобро и попросперитетно општество за сите.

Градоначалникот Јанчев им го честиташе празникот и на вработените жени во општинската администрација, при што им подари црвени рози и им посака добро здравје, среќа и успех во работата.