Вести

All Blog Posts

НОВИ ПЕШАЧКИ ПРИСТАПИ НА КРУЖНИОТ ТЕК  НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

НОВИ ПЕШАЧКИ ПРИСТАПИ НА КРУЖНИОТ ТЕК НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Со изградбата на кружниот тек на булеварот „Никола Минчев“  во одредени делови се проемни и сообраќајното решение за пристап од пешачките премини кон тротоарите.

Конкретно на оваа локација се јави потреба од изградба на нов тротоар бидејќи на две места пешачките премени завршуваат во тревникот намест на тротоарот.

Општината изготви проектно решение согласно коа на овие две точки ќе се изгради нов тротоар со вкупна површина од 70 метри квадратни. Со нивната изградба, пешаците ќе добијат урбанизиран пристап и зголемена безбедност при движењето.

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувчи и реонски инструктори

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувчи и реонски инструктори

       Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори.

 

Конкурс

 

 

 

СЕ РЕКОНСТРУИРА „ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР“

СЕ РЕКОНСТРУИРА „ГРАДСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР“

Општина Кавадарци денеска официјално започна со реконструкција на Градскиот зелен пазар. Механизацијата на фирмата „Градба промет“ го расчистува теренот на локацијата  на постојниот зелен пазар. Со новиот проект изработен од архитектонското биро „Дизајн центар Инжинеринг“ општината ќе гради современ покриен зелен пазар  во  две  нивоа  за  паркирање  и  едно  ниво  за  продажба  на  свежи  зелени производи,  како  и  производи  кои  бараат  посебни  услови.

Во  функционална  смисла  објектот  ја  задржува  својата  постојна намена  која  се збогатува  со дополнителни содржини. 

Приземниот  дел  е  предвиден за пристап, како и за  паркирање  на 62  лесни  автомобили  и  едно  паркинг место  за  инвалиди.  Новина е сообраќајниот пристап до објектот од источната страна по траса на ул. „Зелен Пазар“ на потегот од спојот со ул.„Цано Поп-Ристов“ до спојот со ул. „7-ми Септември“ која сега ќе се трансформира од  пешачка во улица за моторен сообраќај. Таа улица ќе има функција за пристап до објектот, како и за дотур на производи. Во  ова  ниво  се  наоѓаат  и  санитарни  јазли  за  продавачите  и потрошувачите.

На  нивото над приземјето (+3.10) се  предвидува  покриен  простор  со  челична  настсрешница кој ќе  служи  за  поставување  на  мобилни  тезги  за  продажба  на  зелени  производи  (зеленчук,  сезонско  и  јужно  овошје,  цвеќе,  чај  и  зачини),  како  и  посебен  дел  пунктови каде  што  ќе  се  продавааат  производи  кои  бараат  посебни  услови (месо,  риба,  млечни производи,  јајца,  маслинки). Во  делот  на  пазарот  каде  ќе  има  поставени  тезги  за  продавање  на  зелени  производи не е предвидено затварање на просторот со ѕидарија.

Проектот  предвидува  подземно  ниво со 66 паркинг  места за  лесни автомобили и  едно  паркинг место  за лица со  посебни  потреби. До  подземното  ниво  колскиот  пристап  е  овозможен  со  рампа  со  наклон  од 12%.

Трите  нивоа меѓусебе се поврзани  преку  вертикални  комуникации:  скалници, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за луѓе. Конструкцијата  на  објектот  е  комбинација  од  бетон  и  челик.

Општината Кавадарци за изградба на објектото ќе инвестира 102.616.159 денари.

Во времето на изградба на новиот пазар, неговата функција ќе ја обавува пазариштето на локацијата на Булеварот „Никола Минчев“.

КОНКУРС за обука за Неговател/ка на стари лица по проектот „За Развој на социјални услуги“

КОНКУРС за обука за Неговател/ка на стари лица по проектот „За Развој на социјални услуги“

 

Врз основа на верификацијата на посебната програма за Неговател/ка за помош и нега на стари лица, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кавадарци распишува:

К О Н К У Р С

За обука за Неговател/ка на стари лица по проектот „За Развој на социјални услуги“ во партнерство со Општина Кавадарци и Министерство за труд и социјална политика, финансиран од Светска банка

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетувааат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 22.02 до 10.03.2021 година

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се државјани на Р.С. Македонија;
  2. Да имаат над 18 години;
  3. Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  4. Да имаат завршено минимум основно образование;
  5. Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;
  6. Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст Кавадарци;

 

Напомена: Обуката за неговател/ка за помош и нега на стари лица е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на

е-маил: kavadarci@redcross.org.mk  или на тел: 043/412/936, 070/239/352, 078/369/020.

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

Одржан состанок на кризниот штаб на Општина Кaвадарци

Одржан состанок на кризниот штаб на Општина Кaвадарци

На ден 18.02.2021 заседаваше кризниот штаб на Општина Кaвадарци, Состанокот се оддржа по иницијатива на градоначалникот на Општина Кавадарци кој истакна дека бројот на заразени во Општина Кавадарци е во постојан пораст .

Во Општина Кавадарци има 516 активни случаи на заболени од КОВИД 19, а во моментот има 48 пациенти хоспитализирани во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.

На состанокот се донесоа следниве

ЗАКЛУЧОЦИ :
1. Се упатува апел до граѓаните на Општина Кавадарци да бидат максимално одговорни кон почитувањето на мерките од Влада на Република Северна Македонија, посебно кон одржување на дистанца, носење на заштитна опрема и намалување на контактите.
2. Се апелира до граѓаните на Општина Кавадарци доколку почуствуваат некој од симптомите на КОВИД 19, навремено да се јавуваат кај матичните лекари со цел да се направи навремена изолација и да се намалат последиците по нивното здравје.
3. Се задолжуваат угостителските објекти да воведат менаџирање на влез и излез при угостителскиот објект во насока на спречување на ширење на вирусот.
4. Се препорачува Државен Пазарен Инспекторат да Врши зачестени контроли во угостителските објекти и истите да се задолжат да ги почитуваат сите мерки кои ги има донесено Владата на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на држење на дистанца и почитување на ограниченото работното време.
5. Се препорачува Министерство за внатрешни работи – полициска станица Кавадарци да врши зачестени патроли по банки, маркети и јавни површини.

Присутни : Градоначалник на Општина Кaвадаци, ЈЗУ Општа Болница Кaвадарци со проширена дејност, Комадир на Полициска Станица Кавадарци, претставници од Центарот за Јавно здравје, Командир на Противпожарна Единица Кавадарци, Директор на ЈКП Комуналец Кавадарци, Претставник од центарот за управување со кризи, претставници од Угостителските објекти.