Вести

All Blog Posts

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023

Врз основа на  член 48  од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18 и Службен весник на РСМ бр.303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година и Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци бр.04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр.04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година и бр.04-2567/4 од 24.11.2022 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 02/2023

За унапредување на 1 административен  службеник во општинската администрација на Општина Кавадарци

 

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник 1 (еден) извршител и тоа :

 

1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина…………..1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 1723, КП 1725, КП 1726, КП 1727, КП 1728 КО Марена, Општина Кавадарци.

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за Изградба на водоводна мрежа со резервоар, канализациона мрежа и реконструкција на постојните каптажи во Моклиште –  Општина Кавадарци.

 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за Изградба на водоводна мрежа со резервоар, канализациона мрежа и реконструкција на постојните каптажи во Моклиште –  
Општина Кавадарци, со технички број УП – 05/21 од 2023 изработен од ХИДРО ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ – СКОПЈЕ.

Одбележување на 80 години од стрелањето на 12-те Ваташки младинци

Одбележување на 80 години од стрелањето на 12-те Ваташки младинци

Се навршија 80 години од ѕверското убиство на 12-те ваташки младинци од бугарскиот фашистички окупатор. Достојна почит денеска на убиените оддадоа членови на нивните семејства, бројни делегации од општествено политичкиот живот…

 Отворена спомен соба во нивна чест, откриени 12 бисти и пригодна културно уметничка програма.

Да не се повтори!

Да не се заборави!

Слава им!

Соопштение за спроведување на јавен увид по урбанистички проект

Соопштение за спроведување на јавен увид по урбанистички проект

СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА 10/20KV ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД СО НАМЕНА Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ЉУБАШ 1, ЉУБАШ 2, ЉУБАШ 3 СО ПОСТОЕЧКА ТРАФОСТАНИЦА НА КП 10862/1, КО КАВАДАРЦИ, (КО КАВАДАРЦИ, КО КАВАДАРЦИ-ВГР),          

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА 10/20KV ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД СО НАМЕНА Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ЉУБАШ 1, ЉУБАШ 2, ЉУБАШ 3 СО ПОСТОЕЧКА ТРАФОСТАНИЦА НА КП 10862/1, КО КАВАДАРЦИ, (КО КАВАДАРЦИ, КО КАВАДАРЦИ-ВГР), ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, со технички број 0901-2/23 од Април 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, произодство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ извоз-увоз ДООЕЛ Кавадарци.

Член 2 

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА 10/20KV ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД СО НАМЕНА Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ЉУБАШ 1, ЉУБАШ 2, ЉУБАШ 3 СО ПОСТОЕЧКА ТРАФОСТАНИЦА НА КП 10862/1, КО КАВАДАРЦИ, (КО КАВАДАРЦИ, КО КАВАДАРЦИ-ВГР), ОПШТИНА КАВАДАРЦИ делумно опфаќа простор за кој нема изработена претходна урбанистичка документација и за таа цел се добиени Услови за планирање за просторот од Агенција за планирање на просторот Y53722 од Ноември 2022 и Решение за услови за планирање од Министерство за животна средина и просторно планирање УП1-15 2258/2022 од 20.12.2022 година.
Почетна точка на електричниот вод е постојната трафостаница на КП 10862/1, КО Кавадарци, Општина Кавадарци се до поставените фотонапонски панели Љубаш 1, Љубаш 2 и Љубаш 3, Кавадарци – вгр, Општина Кавадарци.

Должината на предвидениот опфат за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на 10/20 Kv електричен кабелски подземен вод со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија за поврзување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на Љубаш 1, Љубаш 2, Љубаш 3, со постоечка трафостаница на КП 10862/1, КО Кавадарци, Општина Кавадарци е околу 3 км.

Урбанистичкиот проект се планира градба со намена E1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија  

ЈАВЕН УВИД

На УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА 10/20KV ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД СО НАМЕНА Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ЉУБАШ 1, ЉУБАШ 2, ЉУБАШ 3 СО ПОСТОЕЧКА ТРАФОСТАНИЦА НА КП 10862/1, КО КАВАДАРЦИ, (КО КАВАДАРЦИ, КО КАВАДАРЦИ-ВГР), ОПШТИНА КАВАДАРЦИ,  со технички број 0901-2/23 од Април 2023 изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, произодство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ извоз-увоз ДООЕЛ Кавадарци ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 13.06.2023 до 27.06.2023 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.