Вести

All Blog Posts

Реконструкција на главната водоводна линија

Реконструкција на главната водоводна линија

Со средства од „КФВ“ банката во износ од 250 000 евра , од кои на потегот од „Кавадаречки дол“ до Градскиот базен се изврши реконструкција на главната водоводна линија од „средна зона“ на вкупна должина од 1330 метри. Интервенции се извршија и на главната линија кон „Дрекслермајер“ и Росоман. На овој потег освен на главната, се интервенираше и на секундарната мрежа каде на повеќе улици беа заменети старите цемент-азбесни цевки со нови еколошки на база метал и пластика. Општината реализираше и замена на дел од мрежата на фекалната канализација.

Овој капитален комунален проект значително го подобри водоснабдувањето, како и квалитетот на дистрибуираната санитарна вода до граѓаните. Воедно на минимум е сведена можноста од евентуални дефекти во мрежата. Целиот проект е со вкупна вредност од 850 000 евра.

УШТЕ ТРИ УЛИЦИ СО ПОДОБРЕНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

УШТЕ ТРИ УЛИЦИ СО ПОДОБРЕНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Денеска ангажираната оператива за интервенции на јавното улично осветлување работеше на замена на ламби на улиците: „Прилепска“, дел од ул. „Игман“, како и на ул.„Љубашка“ каде беа заменети последните три ламби од вкупно предвидените  четиринаесет ЛЕД ламби. Се продолжи релизацијата на проектот за  подобрување на јавното осветлување на вкупно предвидените 30 улици.

Досега се заменија ламби на 9 од вкупно предвидените 30 улици. Проектот има за цел да ги подобри условите за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часови, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.

Во наредниот период општината продолжува со проектот.

 

Одбележан празникот Свети Трифун во Тиквешијата – се закроија лозјата

Одбележан празникот Свети Трифун во Тиквешијата – се закроија лозјата

И покрај интензивните врнежи од снег, во Тиквешијата се испочитува традицијата за одбележување на празникот Свети Трифун. Се изврши симболично закројување на виновата лоза, со што започнуваат и операциите за производство на грозје од новата реколта.

Од музејот на виното во Кавадарци беше упатен благослов за богат и квалитетен род. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, пратеникот Панчо Минов и претседателот на советот Ристо Сакалиев денеска извршија симболично закројување на импрвизираната винова лоза во винскиот музеј, по повод празникот Свети Трифун.

Честитки до лозарите по повод големиот празник упати градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој порача заштитникот на виновата лоза Свети Трифун да го штити родот од новата реколта.
„ Посакувам оваа година да биде успешна за лозаропроизводителите со производство на квалитетно грозје, винариите да прават квалитетно вино и целиот труд да го добие заслуженото. Општина Кавадарци дава огромна поддршка и на малите семејни винарии кои со огромна љубов вложуваат во своите производствени капацитети со надеж за поголема промоција а во исто време и развој на туризмот во овој регион. Поминавме една тешка година која ќе ја паметиме долго. Денес симболично закројуваме со надеж за подобро утре. Иако спречени да го прославиме овој празник во поголеми размери, сепак сме тука да си посакаме желби за поуспешна година. Ви благодарам на сите кои сте денес тука заедно да наздравиме за бериќет и подобро здравје “ рече Јанчев.

МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ГРАЃАНИТЕ И ВОЗАЧИТЕ  ПРИ ПОЈАВА НА СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

МЕРКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ГРАЃАНИТЕ И ВОЗАЧИТЕ ПРИ ПОЈАВА НА СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

Почитувани граѓани,

Во пресрет на најавата од Управата за Хидро Метеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите.

Согласно своите расположиви капацитети, Општина Кавадарци заедно со концесионерот за зимско одржување на улици и патишта постојано ќе биде присутна на теренот и навремено ќе интервенира во расчистување на улиците и локалните патни правци.

Општината, Апелира до граѓаните, во случај на временска непогода тие самоиницијативно согласно законските обврски да превземат чекори за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопанските објекти.

Се повикуваат возачите да го прилагодат управувањето со моторните возила на условите на коловозот. При движењето по градските улици да поведат сметка за прописно паркирање, како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на службите.

Сопствениците на непрописно паркираните стари и хаварисани возила, предвремено и самоиницијативно да ги отстранат од коловозите и тротоарите.

Се препорачува, старите лица кои моментно живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини.

Поивик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби.

Општина Кавадaрци Апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуват кон бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, ридско планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.