Вести

All Blog Posts

ПОСТАВЕН ЧЕЛИЧЕН ПЕШАЧКИ МОСТ   ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ПОСТАВЕН ЧЕЛИЧЕН ПЕШАЧКИ МОСТ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општина Кавадарци реализираше уште еден значаен сообраќајно безбедносен проект. Во селото Марена. оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци ја постави конструкцијата на металниот пешачки мост преку Овчка (О‘овска) река.

Новиот пешачки, се наоѓа веднаш до постојниот сообраќаен мост од левата страна на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

Мостот е со должина од 27,6 метри, широк 2 и висок 2 метри. На челичната конструкција е поставена метална ограда, како и метален бродски под.

Со изградбата на овој значаен инфраструктурен објект општината решава голем сообраќаен проблен на жителите на Марена. Тие конечно ќе можат многу побезбедно да се движат покрај најфрекфентниот патен правец во општината.

Изградбата на мостот е на барање на жителите од Марена.

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА  ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Проектот за подигање на нивото на јавното улично осветлување што го реализира општината Кавадарци се одвива според утврдената динамика.

Ангажираната оператива денеска работеше на улицата „Љубашка“ каде беа поставени последните три ламби од вкупно предвидените  четиринаесет ЛЕД ламби. Со ова се заокружи првата група на улици од предвидените 30 каде ќе се изврши замена на вкупно 352 ламби. Ламби се менуваа и на улицата „Димче Мирчев“, како и на  улицата „Браќа Џунови“ од мостот „Слога“ до спојот со улицата „Браќа Хаџи-Тефови“.

Досега се интервенираше на улиците: „Ило Костов“, ул. „Максим Горки“, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, ул.„Слога“, како и на улиците околу Парк „Полана“ каде се замениа 74 ламби со ЛЕД технологија.

Проектот има за цел да ги подобри условите со јавното осветлување за непречено и безбедно движење на граѓаните во ноќните часовои, заштеда на електричната енергија, како и подигање на еколошките стандарди.

Во наредниот период општината преку истиот проект ќе интервенира и на други улици во градот.

 

СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

Деновиве продолжува изградбата на петеката од левата страна на кејот шеталиште, на последната делницата од кејот во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје вградува тампон како подлога за поставување на бехатон коцки

Во оваа фаза од изградбата на кејот-шеталиште треба да се доизгардат пешачките патеки на двата брега. Во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.

Урбанизираниот кеј ќе биде долг три километри од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.

НОВИОТ ОБЈЕК ОД ГРАДИНКАТА НА УЛИЦАТА  „РЕСАВСКА“ ВО ОДМИНАТА ФАЗА НА ГРАДБА

НОВИОТ ОБЈЕК ОД ГРАДИНКАТА НА УЛИЦАТА „РЕСАВСКА“ ВО ОДМИНАТА ФАЗА НА ГРАДБА

Изградбата на новиот објкет на детската градинка „Рада Поцева“ се реализира според планот. На локацијата на улицата „Ресавска“, ангажираната оператива деновиве работи на ѕидање на просториите од приземјето.

Во наредните денови ќе започне и поставувањето на електричната инсталација, како и поставување на водоводната и канализационата мрежа во објектот. Набргу потоа според динамиката на градба ќе следи и поставување на покривната конструкција.

Изградбата, овој капитален проект ќе биде долгорочно решение на проблемот со недостиг на слободни места за приофаќање на децата од предучилошна возраст во градинката „Рада Поцева“.

 Со досегашните превземени активности на општината во доградба и проширување на постојните објекти, како и адаптирање на простор во селата за детски градинки, Општина Кавадарци, не само што ќе го надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на деца во градинката, туки и ќе прмине во водечка општина во републиката со оптимално решение на значаен и горлив социјален проблем.

Листа на физички и правни лица со долг за данок на имот за 2020 година

Листа на физички и правни лица со долг за данок на имот за 2020 година

Општина Кавадарци, одделението за администрирање на даноци  објавува листа на даночни обврзници кои имаат долг за данок на имот на физички и правни лица за 2020 година. Ве потсетуваме дека доколку не го подмирете во определениот рок ќе се пристапи кон присилна наплата на истите.

 

Со почит,

Одделение за администрирање на даноци