Вести

All Blog Posts

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2021 година

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2021 година

Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2021 година бр.08-6496/30 од 16.12.2020година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2021 година на правно лице бр.08-6496/31 од 16.12.2020 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….64/20), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

ЈАВЕН КОНКУРС

 За делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2021 година на правно лице

 

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2021 година и тоа:

1.Културно стопанска манифестација ,,Св.Трифун“ ,  14ти Февруари

                2.Културно лето ,,Го сакам Кавадарци“ јули –август

  1. Културна манифестација ,,Тиквешки Гроздобер , септември

4.Нова Година  , декември

Обврска на правното лице е во целост да ги испланира , организира, реализира и менаџира културните манифестации.

Висината на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци за делегирање на надлежноста е содржана во Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата за 2021 година .

Кон пријавата правното лице треба да приложи :

1.Решение за упис во Централен Регистар;

                2.Полн назив и адреса на субјектите кои ќе се вклучат во текот на реализирањето на активностите од делегираната надлежност;

                3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на на делегираните надлежности – програма за начин и постапка за вршење на делегираната надлежност;

                4.Финансиска структура на активностите;

                5.Податоци од лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура  и професионално искуство;

                6.Име презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.

Општина Кавадарци ќе склучи Договор за делегирање на надлежноста со правното лице кое што ќе биде избрано на јавниот конкурс согласно Законот за облицациони односи.

Приложените проекти мора да содржат образложение и предлог финансиска конструкција во која ќе бидат наведени средствата потребни од Буџетот на Општина Кавадарци како и средствата обезбедени од Министерството за култура, сопствени средства и други извори.

Потребните податоци како и предлог проектите со финанасиска конструкција треба да се достават задолжително на посебен формулар – Пријава која може да се подигне во електронска верзија од веб страната на Општина Кавадарци  www.kavadarci.gov.mk.

Потполнетите пријави да се  достават до Општина Кавадарци во рок од 15 дена по објавувањето на јавниот конкурс во средствата за јавно информирање, во архива или по пошта на адреса :Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2 Кавадарци,со назнака  ,,Конкурс Култура 2021“.

                Некомплетните и ненавремени пријави нема да бидат разгледувани.

Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Советот на општина Кавадарци на денешната 51 редовна седница едногласно ја усвои одлуката за ко-финансирање на регионален проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделско производство.

Вкупната проценета вредност на регионалниот проект изнесува 10. 000. 000 денари со вклучен ДДВ. Средствата во износ од 9. 000. 000  денари ќе се обезбедат од Биро за регионален развој, а останатите 1. 000. 000 денари ќе се обезбедат од другите општини Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Ко-финансирањето на општина Кавадарци е во висина од 450.000 денари за поставување на 18 мерни станици, и ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кавадарци за 2021 година.

Со поставување на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површни на територијата на општина Кавадарци, односно на лозово-овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат точни информации за     влажност на воздухот, сончевите денови во годината, количеството на врнежи,  степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, а тоа ќе допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди а во исто време зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната 51 седница на советот информира дека со инсталирањето на вакви станици на повеќе локации во општините од регионот, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економична заштита на земјоделските култури.

„Земјоделците ќе добиваат информации за временските услови и совети кога е вистинско време да вршат заштита на земјоделските култури од болести и штетници. Вакви мерни станици веќе има поставено компанијата „Гоце Делечв“ и во местата каде се поставени има заштеда во пестициди од околу 30-40%. Со овој проект ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем.“ рече Јанчев.

Реконструкција на атмосферска канализациона линија на ул.Сава Ковачевиќ

Реконструкција на атмосферска канализациона линија на ул.Сава Ковачевиќ

Во тек е реконструкција на атмосферска канализациона линија на ул.Сава Ковачевиќ во населба Глишиќ. Канализационата линија е во должина од 400 метри, со сливни решетки за атмосферски води.