Вести

All Blog Posts

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЦРНОРЕЧКА“

Општината Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградбра. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на проектот за изградба на тротоари на улицата „Црноречка“.

Се работи на поплочување на тротоари на двете страни од учлицат со вкупна површина од 340 квадратни метри.

Со овој зафат општината овозможува посигурно движење на пешаците по ново пробиената делница од улицата на спојот меѓу „Западен булевар“ (кај градските гробишта) и спојот со улицата „Ѓоре Брушански“.

Препораки од општина Кавадарци поради загадениот воздух

Препораки од општина Кавадарци поради загадениот воздух

Согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3 (надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме :

 

– Да се користи јавниот превоз,

– Возила да не се користат без поголема потреба,

– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,

– Правилно да се користат печките за дрва (види брошура ).

 

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следните препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен

систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Дидактички материјал од областа на сообраќајот за децата од градинка подели ОСБСП Кавадарци

Дидактички материјал од областа на сообраќајот за децата од градинка подели ОСБСП Кавадарци

ОСБСП Кавадарци продолжува со своите програмски  активности и во новата година. Денеска претседателот на Советот Љупчо Лазов ги  посети дечињата од големата група во градинката „Рада Поцева“ и им подари новогодишен подарок – дидактички материјали од областа на сообраќајот.

Подароците ги  прими директорката на градинката Цана Добринова, во присуство на претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев , советничката за предучилишно образование Надица Дамова и кординаторките на проектот во градинките  „Собраќајно воспитување и образование на децата“, Даниела Китева и Христина Камчева.

„ Грижата за најмалите е обврска на сите  нас и затоа во оваа прилика сакаме  да ги израдуваме најмилите со подарок кој ќе им помогне поубаво и повесело да ги реализират планираните содржини од сообраќајното воспитување“ истакна Лазов, а воедно се заблагодари до претседателот на советот за постојаната поддршка од локалната самоуправа во реализацијата на активностите на ОСБСП и до директорката на градинката,  за успешната соработка.

 „Нашиот успех  е заеднички,  и се должи на соработката со вас, со цел  дечињата од градинаката да ги направиме посреќни, весели и задоволни од престојот во градинката“ додаде Лазов.

Јавен повик бр.1/2021 за финансиска подршка наменета за спортски клубови,професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци

Јавен повик бр.1/2021 за финансиска подршка наменета за спортски клубови,професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува 

ЈАВЕН ПОВИК бр1/2021

За прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи

 

  1.  Се повикуваат спортските клубови, професионални клубови регистрирани на пордачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок. 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2021 година, наменети за спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци , општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финанасирање на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот  од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.13/2014) ,

 

2.        Основни организациски критериуми :

– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

–   ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари;

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

– се грижат за унапредување на младите категори.

Задолжителна документација за аплицирање :

-Решение за вршење дејност спорт согласно Законот за спорт;

-Доказ за обезбедени соодветни објекти, опрема и стручен кадар;

-Доказ од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува и времетраењето  на учеството на спортистот / клубот во соодветната федерација.

-Детално разработена програма / проект на активности во тековната година ;

-Документација со која се потврдува искуството за апликантот во реализирање на програма/ проекти и активности од областа на спортот, постигнати резултати, успеси;

-Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата /проект (број на ангажирани лица ,опис на трошоците по позиции)

– Извштај за потрошените средства добиени од Општина Кавадарци за 2020 година .

Прилози, фотографии, награди.

  

3.НАПОМЕНА : Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната документација нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 12.01.2021 година а крајниот рок за поднесување е 30.01.2021..Пријавите со целокупната документација се доставуваат се доставуваат лично или по пошта (пријавите доставени по е-маил или факс нема да бидат разгледувани ) , на адреса : Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, или во архивата на Општина Кавадарци до 16.30 ч (со назнака – Пријава за јавен повик – Комисија за спорт )

Пријавата за аплицирање како и образецот за аплицирање се достапни на интеренет страницата на Општина Кавадарци : www.kavadarci.gov.mk