Вести

All Blog Posts

РЕКОНСТРУИРАНА ПРОСТОРИЈАТА НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ГИМНАЗИЈАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

РЕКОНСТРУИРАНА ПРОСТОРИЈАТА НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ГИМНАЗИЈАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

Гимназијата „Добри Даскалов“ деновиве реализираше проект на општината Кавадарци за реконструкција на училишната библиотека.

На површина од 60 метри квадратни изведени се градежни активности на расчистување на просторијата, санирање на оштетените сидови и молерисување, со што просторијата на библиотеката е целосно обновена.

За потребите на училишната библиотека е проектиран и набевен нов мебел и сталажи од кавадаречката фирма „Интерпроект дизајн студио“.

За оваа намена општината во подобрување на условите за работа во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ инвестираше 338.658 денари.

Училишната библиотека во гимназијата располага со фонд од 12.000 книги.

 

Интерен оглас бр. 01/2020

Интерен оглас бр. 01/2020

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2020

За унапредување на  3  административни  службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци

Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 3   (три) извршители и тоа :

 

  1. УПР 01 01 Б02 000 Раководител на Сектор за образование и спорт, Сектор за образование и спорт……………1 (еден) извршител;
  2. УПР 01 01 В03 000 Соработник за архивско работење, Одделение за правни и општи работи, Сектор за правно-нормативни и општи работи…………..1 (еден) извршител;
  3. УПР 01 01 В02 000 Виш Соработник за локален економски развој, Одделение за подготовка на стратешки и плански документи и подготовка на проектна документација, Сектор за локален економски развој………….1 (еден) извршител. 

 

ИНТЕРЕН  ОГЛАС  БРОЈ 01/2020
СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов”

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2 ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

– на север границата се движи по осовината на сервисна улица 24 – булевар „Кочо Рацин”,

– на исток границата се движи по осовината на сервисна улица 19 кеј „Блажо Алексов“,

– на југ границата се движи по осовината на сервисна улица 5 „Мирче Ацев“ и

 – на запад границата се движи по осовината на станбена улица – „Партизанска“.

 

Површината на планскиот опфат изнесува 1,64 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2  ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци градво просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 29.12.2020 до 15.01.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  12.01.2021  година (Вторник) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.2            ,,Блажо Алексов” КО Кавадарци град ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“    бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СОУ „КИРО СПАНЏОВ-БРКО“

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СОУ „КИРО СПАНЏОВ-БРКО“

Општина Кавадарци континуирано вложува во подобрување на условите во објектите од образованието. Деновиве се одвиваа градежни активноти во дворот и на зградата на Средното општинско училиште „Киро Спанџов-Брко“.

На површина од 800 метри квадратни се изврши поплочување со павер елементи на дел од дворната површина пред главниот влез од источната страна на објектот. Со овој зафат се урбанизираше простор кој претходно беше руиниран и оштетен. За оваа намена се инвестирани средства во вредност од 661.060,00 денари.

Пралелно со ова се изведуваа и градежни активност за реконструкција на ѕид и поставување на буња со легнати ивичњаци во должина од 125 метри, за што се инвестираа средства во вредност 219.504,00 денари.

Сериозен градежен зафат се изведува и во самата зграда кеде се врши реконструкција на еден од кабинетит-работилница каде се изведува практичната настава за учениците. Овде се обновува дел од оштетениот покрив, а се врши и молерисување на ѕидовите. За оваа намена училиштето и општината инвестираат сума од 558.706,00 денари.

Изведувач на градежните работи во дворот беше фирмата „Елин-билд компани“, во кабинетот рабоптеше фирмата „Мултиградба инженеринг“,  додека опративата на фирмата  „Патио монт“ го санирташе ѕидот.

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 12 за дел од Блок 12.1 ,,Ла-Луна”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 12 за дел од Блок 12.1 ,,Ла-Луна”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци, глава I, точка 12, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 12 за дел од Блок 12.1 ,,Ла-Луна” КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

– од северната страна, границата на опфат минува по оската на сервисната улица „Дисанска”.

– на источната страна, границата на опфат се граничи со границата на наменска зона по ГУП (Градби за собири).

– на јужната страна, границата на опфат се граничи со границата на наменската зона по ГУП (Градби за собири и Спорт и рекреација).

– западната граница на опфатот се граничи со границата на наменската зона по ГУП (Спорт и рекреација).

 

Површината на планскиот опфат изнесува 3,22 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 12 за дел од      Блок 12.1 ,,Ла-Луна” КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 28.12.2020 до 14.01.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  30.12.2020  година (Среда) во 14.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 12 за дел од Блок 12.1            ,,Ла-Луна” КО Кавадарци град и КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“    бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.