Вести

All Blog Posts

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на коловозот на улицата „Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри.

Според планот на општината претходно беше отстранет стариот и дотраен асфал после што следеше тампонирање.

Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на улиците „Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од улицата „Дисанска“.

ЧЕЛИЧЕН ПЕШАЧКИ МОСТ СЕ ГРАДИ  ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ЧЕЛИЧЕН ПЕШАЧКИ МОСТ СЕ ГРАДИ ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општина Кавадарци реализира сообраќајно безбедносен проект во селото Марена. Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци деновиве работи на изградба на стопите кои ќе ја носат конструкцијата на металниот пешачки мост преку Овчка (О‘овска) река.

Новиот пешачки, се гради веднаш до постојниот сообраќаен мост од левата страна на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

Мостот е со должина од 27,6 метри, широк 2 и висок 2 метри. На челичната конструкција ќе биде поставена метална ограда, како и метален бродски под.

Со изградбата на овој значаен инфраструктурен објект општината решава голем сообраќаен проблен на жителите на Марена. Тие конечно ќе можат многу побезбедно да се движат покрај најфрекфентниот патен правец во општината.

Изградбата на мостот е на барање на жителите од Марена.

Три години „Мој општинар“

Три години „Мој општинар“

Tри години успешна работа одбележува службата „Мој општинар“,  која започна со работа на самиот старт на мандатот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој денеска на прес конференција искажа задоволство од досега сработеното и рече дека очекува овој проект да биде имплементиран и во други општини во земјава, бидејќи ја подобрува врската меѓу општината и граѓаните, а нивните проблеми , многу полесно стигнуваат пред надлежните.

„По неполни два месеци од почетокот на извршувањето на функцијата градоначалник, проектот Мој општинар беше целосно подготвен и промовиран. Осум  вработени лица излегоа на терен, опремени со потребните ресурси и започнаа да ги запознаваат проблемите на жителите и полека да ги решаваат.На почетокот функциониравме со пријавување на проблеми и решавање на истите, полека овој проект прераснуваше во сериозен сектор кој е вклучен во правењето на годишните програми за работа на Општина Кавадарци. Мој општинар се вклучени и во реализацијата на голем број значајни проекти но и се иницијатори за нови проекти кои ги бараат граѓаните во рамкиите на нашите можности.“ рече Јанчев.

Градоначалникот во своето обраќање посочи дека службата „Мој општинар“ големо внимание посветувала и на руралните средини.

Задоволен од функционирањето и соработката со граѓаните е и Димитар Радњански, кој на прес конференцијата говореше од името на сите луѓе вклучени во овој проект. 

„Започнавме со проект Мој Општинар а достигнавме до сектор кој е водилка за голем дел од успесите на нашата Општина. Дека сме успешни знаеме затоа што сите насоки кои ги даваат на семинари и обуки за функционирање на една Општина, нас веќе ни се спроведени. Точно пред една година ветивме проекти како зелен катастар, соработки со други институции и невладини оргнизации, изготвување на стратешки документи за напредок на општината и сето тоа го реализиравме. Но реализиравме и проекти кои не ги највивме,  целосна обнова на градскиот парк Љубчо Шкартов, санација на локалните патишта до Радња, Драгожел, Клиново и други села, донација од влада за хортикултурно уредување и многу други проекти“ рече Радњански и нагласи дека службата несебично е вклучена во извршувањето на превентивни мерки во борбата со ковид 19. 

ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Деновиве Општина Кавадарци го заокружи проектот за нова нисконапонска линија во населбата „Бел Камен“. Ангажираната оператива постави линија на мрежата од јавното улично осветлување во должина од 1000 метри.

На делници од улиците „Бел Камен“ и „8-ми Септември“ се поставиа вкупни 28 метални канделабри од кои 5 со висина од 8м. и 23 столбови од 5 метри. На истите се вградени еколошки ЛЕД светилкии со јачина од 30 W.

Ова беше последната од проектираните 17 локации во градот каде со нови линии се интервенираше во подобрување на нисконапонската мрежа и сите останати елементи од Јавното улично осветлување.

Според проектот на 17 локации општината постави вкупно 420 метални столбови со висина меѓу 4 и 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, во зависност од теренот. Во новата мрежа се вградиа 12.000 метри нисконапонски кабел вкопан во земја. Освен ова е извршена и реконструкција на 800 постојни светилки.

Крајната цел на општината, преку овој капитален проект е формирање на центар за мониторинг и управување со Јавното улично осветлување.

Воедно на кабелските оператори и на ЕВН Македонија, им овозможи во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да се ослободат од воздушните водови и старите дрвени бандери.

Општината Кавадарци во овој капитален проект за подобрување на јавното улично осветлување инвестираше 53 милиони денари.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

Проширената и реконструирана делница на улицата „Шишка“ наскоро ќе го добие и вториот тротоар.

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ работи на поплочување на тротоарот на делот од влезот во Глишиќ до спојот со улицата „Северен булевар“ кај Општа болница. На оваа делница се оформува тротор со широчина од два метри, каде се поставуваат рабници, се врши тампонирање и поплочување со павер елементи.

Со овој проект општината создава побездни услови за движење на пешаците.

Во завршниот дел од реализацијата на проектот проширување и реконструкција на ул.„Шишка“ ќе уследи и целосно реновирање и подобрување на Јавното улично осветлување.