Вести

All Blog Posts

ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПАМП ПАТЕКА

ПРОМОВИРАНА НОВАТА ПАМП ПАТЕКА

На Градски плоштад имаше масовна велосипедска парада со возење велосипеди низ улиците на градот, се до ново изградената ПАМ ТРАК ПАТЕКА!

Промоција на пам трак патеката, заедно со градоначалникот Митко Јанчев, во соработка со Општински сојуз на училишни спортови, со голем број на велосипедисти и ученици придружувани од нивните наставници по физичко образование.

За оние кои уживаат во возењето на велосипеди, скејтборди, ролшуи и скутери!

Кавадарци се грижи за младите!

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04,89/08,152/2015, 103/21), согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски  бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje на три (3) фонтани  посветени на Сашко Гешовски   бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/23 од 28.02.2023година, објавува:

Ј А В Е Н   К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје
три(3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски

ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15),согласно  Програмата за изменување и дополнување на Програмата  за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Кавадарци  бр. 08-1313/19 од 28.02.2023  година и Одлуката за подигање на спомен обележје на  – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година, Одборот за подигање на спомен – обележje  – подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски  бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година,  со Одлука на Совет на Општина Кавадарци  со Бр 08-1313/21 од 28.02.2023  година,   распишува ЈАВЕН КОНКУРС  за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје– подигање на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски. За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Кавадарци  има донесено Одлука .бр. 08-1313/23 од 28.02.2023  година  за подигање  -на три (3) фонтани на Кружен тек – Сашко Гешовски кој е првата жртва во Македонија во воениот конфликт во 1991 во СФРЈ.

Сашо Гешовски е роден во Кавадарци на 31 Октомври 1972 година. Има завршено основно и средно училиште во Кавадарци, а потоа заминува на отслужување на воениот рок во ЈНА, СР Хрватска. Тој бил првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Бил застрелан на 6 мај 1991 додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.

Среќно Мајкл и уште поголеми успеси во иднина!

Среќно Мајкл и уште поголеми успеси во иднина!

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанче Рамов, имаа средба со Мајкл Георгиевски, ученик кој има континуиран успех во областа на природно математичките науки, придружуван од директорката на СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Јасминка Чулева.

Повод на денешната средба беше освоеното прво место на Државниот натпревар по физика кој се одржа на 29.04.2023 година на ПМФ- Физика во Скопје.

Мајкл Георгиевски континуирано секоја година освојува награди и признанија, продолжува да се истакнува со своите знаења, а неговите успеси тоа го потврдуваат и секако нашиот град, а и Гимназијата имаат со што да се гордеат.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот ја изразија нивната поддршка и гордост и во знак на тоа му доделија плакета за континуиран успех во природно математичките науки!

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2023 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2023 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2023 година бр.08-3588/7 од 06.06.2023 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2023 бр.08-4989/8 од 25.09.2020

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2023 година

 

1.Опис на јавниот повик 

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 26.06.2023 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 07.06.2023 година заклучно со 26.06.2023 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

Read More