Вести

All Blog Posts

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Денеска оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица започна со асфалтирање на дел од улицата „Клинска“ близу локалитетот „Калница“.

Градежните рабори се дел од проектот на Општина Кавадарци За подобрување на општинските улсуги, Грант од Светска банка преку Министерството за финансии, За социјална вклученост „МСИП-2-СГ-НЦБ-002-20“.

Проектот се однесува на Реконструкција на водоснабдителен систем, одделување на атмосферска канализација и асфалтирање на улицата „Клинска“ и дел од улицата „Методи Џунов-Џико“.

Работите на овој капитален проект започнаа во декември минатата година, а во наредниот период ќе усладеат дополнителни активности за негово целосно заокружување.

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

По јавното извлекување на ден 22.10.2020 во просториите на Општина Кавадарци согласно Јавен повик за субвенционирање на граѓаните при купување на енергетско ефикасни грејни тела и проверка на извлечените барања, Општина Кавадарци објавува список на субвенционирани баратели.

 

Напомена: Сите баратели за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела по Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година можат да си ја подигнат поднесената документација секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот во Граѓански информативен центар од 09.11.2020 година.

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2020 година

Листа на баратели за субвенционирање на велосипеди за 2020 година

Записник од одобрени и одбиени барања во рамките на предвидениот буџет и критериумите по Повикот за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување велосипеди за 2020

Список на одобрени субвенции – за велосипеди

Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Дуално образование индустриско-дрекслмајер

Министерката за образование и наука Мила Царовска во придружба на градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претставници на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска го посетија среднот стручно училиште СОУ „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци каде се реализира дуално образование по германски модел.

Овде трета година успешно се спроведува дуално образование во соработка со германската компанија „Дрекслмајер“. Учениците кои го завршуваат ова образование имаат можност да добијат сигурно вработување во оваа компанија.

Од говорницата пред учениците од третата генерација како и пред гостите Градоначалникот Митко Јанчев посочи дека ова е добар модел за да се произведат профили кои се бараат на пазарот на трудот. Овој тип на образование истакна тој, создава кадар кој квалитетно и соодветно може да одговори на работните задачи во компаниите.

Министерката за образование Мила Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар.

Директорот на СОУ „Ќиро СпанџовБрко“, Драги Ташев е задоволен од досегашната соработка со „Дрекслмајер“ и нагласи дека нивното училиште е прво во земјава каде започна да се спроведува дуално образование.

Проектот за дуално образование го поздрави и Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Покрај во кавадаречкото училчиште дуалното образование  се реализира  и во градовите: Велес, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.

Известување по ЈАВЕН ПОВИК  за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

Известување по ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓани на подрачјето на општина Кавадарци за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година известува дека поради малиот број на поднесени барања согласно утврдениот буџет за истата намена нема да се реализира јавно изввлекување и дека сите пристигнати барања ќе бидат разгледани од страна на комисијата за комплетност и уредност на поднесената документација со што ќе се донесе решение за субвенционирање.