Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2020 година бр.08-4989/9 од 25.09.2020 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2020 бр.08-4989/8 од 25.09.2020

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето

на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.10.2020 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

 

  1. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:

  • Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
  • Доказ за жителство во Општина Кавадарци, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,
  • Доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци (Фотокопија од важечка лична карта),
  • Копија од трансакциска сметка на барателот,
  • Доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со оригинална фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.
  • Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед од буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходните 4 години.

2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.

2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. Плоштад Маршал Тито бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година “.

 

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено

Read More

ЈАВЕН ПОВИК  за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

 Врз основа на член член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа(“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2020година бр.49/2019, Измена на програмата за развој на општина Кавадарци за 2020 година бр. бр.08-4989/5 од 25.09.2020    , член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилник за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица од подрачјето на  Општина Кавадарци за купување на  енергетско ефикасни грејни тела бр.08-4989/6 од 25.09.2020 и Одлука за за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година  бр.08-4989/7 од 25.09.2020, Општина Кавадарци распишува

 

 ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

 

  1. Опис на Јавниот повик

– Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

– Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето и тоа од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година.

  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот Јавно извлекување“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:
  • Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот:

 Барателот треба да ги исполни следните услови:

  • да е полнолетен жител на Општина Кавадарци (фотокопија од важечка лична карта);

–  да имаат купено и вградено во своите домови енергетско ефикасни грејни тела по денот на објавувањето на Јавниот Повик до денот на завршување на Јавниот Повик;

  • да го немаат искористено правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела за претходните две години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купени енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на Општина Кавадарци или од било кој извор во Република Северна Македонија за таа намена;
  • едно семејство/домаќинство може да поднесе само едно барање за остварување на правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на општина Кавадарци.
  • Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

Read More

Контролна листа на  План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци

Контролна листа на План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кавадарци аплицираше со проект за Реконструкција на ул. „Дисанска“ и „Западен булевар“ во општина Кавадарци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ реализира проект за целосна реконструкција на поземната инфраструктура водовод и канализација на улицата „Даме Груев“.

Според проектот на јавното претпријатие кое е и изведувач на работите, се реконструира потегот од спојот со ул.„Вишешница“ до спојот со ул. „22 Декември“ во вкупна должина од 150 метри. Овде се поставија нови линии на фекалната и атмосферската канализација, при што старите и дотраени бетонски се заменија со пластични коругирани цевки со профил 315 .

Комуналец изврши замен и на вововодната линија при што наместо старите абест-цементни цевки, се постави пластично црево со профил 110.

Во наредната фаза ќе следи асфалтирање на улицата.

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАТЕКИ  НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАТЕКИ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ реализираат проект за поплочување на дополнителни 1500 метри квадратни пристапни патеки во кругот на градските гробишта.

Се работи за инвестиција во износ од 1,5 милиони денари. Парите согласно проектот се вложуваат во поплочување со бехатон коцки на постојните како и оформување на наови пристапи до гробните места на горното ниво.

Изведувач на работите е формата „Класик компани 2010“ од Охрид.