Вински карневал 2019

Уште една успешна карневалска приказна под отворено небо за сите кои денеска беа на градскиот плоштад. Пред кавадарчани и гостите од страна низ улицата „Илинденска“ и на платото пред централната ложа на „Винскиот карневал“ 2019 година продефилираа 41 маскирана поставка, со близу 1000 учесници.
Маскираните гости од Тиват, Лесковац, Птуј, Раковица, Пела, потоа од македонскит градови Струмица, Прилеп, Пробиштип, како и маските од Кавадарци, создадоа карневалска магија за сите кои точно на пладне беа на плоштадот во градот на грозјето и виното.
Извонредно карневалско издание кое го врати сјајот на „Тиквешкиот гроздобер“
Огромна благодарност за
сите учесници на карневалот од градоначалникот и општината за прекрасните моменти додека траеше карневалот.
Ова е поттик и предизвик догодина „Винскиот карневал“ да биде уште побогат и посодржаен.
Приказната под отворено небо продолжува вечерва на градскиот плоштад со музичките гост Блу Бенд, и секако ѕвездата на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ балканската музичка легенда Здравко Чолиќ.
Драги гост и почитувани кавадарчани, и вечерва Цел град на плоштад, за да ставиме точка за крај и на оваа гроздоберска Приказна под отворено небо.