Општината Кавадарци денеска реализираше уште еден комунален проект. Жителите на Ваташа добиа на користење уште една ревитализирана улица
Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци заврши со поплочување на улицата „Перо Видев“ на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“. На оваа улица се спроведе поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.
Претходно општината преку ЈП „Комуналец“ на истата траса изврши реконструкција на водоводната линија во должина од 200 метри
И овој проект, општината го реализираше на барање на граѓаните, при што обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.