ВРАЧЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА 180 КАВАДАРЕЧКИ НАСТАВНИЦИ

ВРАЧЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА 180 КАВАДАРЕЧКИ НАСТАВНИЦИ

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претседателката на Институтот Европа за тебе – Скопје Елизабета Томевска Илиевска, во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 180 наставници учесници на семинарите на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“ им врачиа сертификати за учество и успешно завршена обука.

За суштината на ова стручно предавање говореше м-р Зорица В’чкова раководител на одделението за образование во Општина Кавадарци која посочи дека Обуката имаше интерактивен карактер, со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења за насилствата во училиштата, туку и да разменат искуства од сопствените практики,

Градоначалникот Јанчев им честиташе на наставниците за стекнатото знаење и можноста за ова тема да учат и разговараат со најдобрите стручњаци во земјата, како и можноста наставниците да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијлно би можеле да се јават во нивните училишта. Градоначалникот притоа искажа и задоволството од одржувањето на семинарот во Кавадарци.

Од 21. до 29. март 2019 година мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики –Европа за тебе, од Скопје во соработка и подршка од општина Кавадарци, одржа четири семинари На семинарите беа опфатени наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници 7 од основните и 3 од средните учулишта.Семинарите се одржаа во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“.

Поединечните теми во рамките на овие семинари беа фокусирани на: правата на децата, правни, социолошки, психолошки и педагошки аспекти на насилството и малтретирањето ( булингот ) во училиштата, психолошки последици од изложеноста на малтретирање и насилство во училиштето и можности за нивно рано препознавање и превенција.

Семинарите беа реализирани од страна на реномирани универзитетски професори и тоа д-р Дејан Мицковиќ, д-р Татјана Стојаноска Иванова , д-р Ана Фрицханд и д-р Елизабета Томевска Илиевска.

Loading