Општина Кавадарци преку ангажираната фирма во континуитет ги изведува градежните работи за реконструкција на регионалната улица „Северен булевар“.
Се работи на повеќе позиции паралелно. Во горниот дел на улицата од западната страна се поставуваат рабници и се оформува контурата на улицата. на делот кај Општа болница, се поставува системот за дренажа, а цевки за дренажа се поставуваа и на делот кај мостот на реката Луда Мара.
Екипа е ангажирана и на вадење на павер елементите од тротоарот кај спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ од каде ќе се започне со подигање на нивото на улицата за да се нивелира коловозот на местата каде претходно се собираше вода по обилните дождови.
Со реконструкцијата ќе следи и поставување атмосферска канализација со што повеќе нема да има проблеми со собирање на дождовницата и правење проблеми во сообраќајот.