Градоначалникот на Oпштина Кавадарци г-дин Митко Јанчев заедно со претставници на администрацијата и службите од Општината како и раководството на ЈП „Комуналец“ ги започна средбите со граѓаните во УЗ (урбаните заедници) во градот.
Прва беше средбата со жителит на УЗ „Киро Крстев“ каде Јанчев се сретна со жителите од улицата „Методи Џунов Џико“.
Тој имаше време да ги слушне сите прашања па и лично да погледне како проблемот изгледа на терен. Со него беа соодветните претставници на службите кои бележеа и преземаа обрски за елиминирање или ублажување на одреден проблем, главно од комуналем карактер.
Во наредните денови планирани се посети на сите урбани заедници. Преку разговор со граѓаните и увидот на терен ќе се согледа реалната состојба и потребите на граѓаните се со цел да се направи подобра програма за комунална изградба за наредната 2019 година.