ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА  НА РЕНОВИРАНИОТ ПП ДОМ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ВО ПОСЕТА НА РЕНОВИРАНИОТ ПП ДОМ

 

Денеска градоначлалникот Митко Јанчев беше во посета на Територијалната против пожарна единица Кавадарци. Првиот човек на Општината во придружба на Командирот на ТППЕ, како и претставници на Полициската станица од општа надлежност Кавадарци по извршената обиколка на реновираниот дом имаше можност да се запознае со новите услови за работа на пожарникарите.

Општината за реновирање и доградба на зградата и стопанскиот двор потроши 11 милиони денари. Откако целосно заврши реконструкцијата на противпожарниот дом кавадаречките пожарникари добија неспоредливо подобри услови за работа.

Градоначалникот Јанчев изрази нескриено задоволство од завршената работа и спроведените интервенции на објектот и дворот, како и од донациите на општествено одговорните компании од градот со што во многу се подобрија условите за престој и работа на пожарникарите. Јанчев најави дека ќе продолжат инвестициите за модернизација на опремата на пожарникарите, но и ќе иницира после претседателските избори да се зголемат и нивните плати.

Командирот на ТПЕ Кавадарци Александар Чадамов искажа задоволство од новите услови за работа, упати јавна благодарност до општината, градоначалникот и донаторите, при што подвлече дека сето тоа допринсува за поголема мотивираност кај пожарникарите за работа.

За само два месеца од 2019 година пожарникарите од Кавадарци имале 109 интервенции, претежно на отворен простор.

Пожарникарите упатија апел до несовесните граѓани кои палат огнови на отворено и ги оставаат неконтролирано да ги променат овие навики, бидејќи само вчера имае пет такви интервенции.