Средба на Градоначалникот Јанчев со фудбалерите, управата на ГФК „Тиквеш“ и навивачката група „Лозари“

Средба на Градоначалникот Јанчев со фудбалерите, управата на ГФК „Тиквеш“ и навивачката група „Лозари“

Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев имаше работна средба со фудбалерите, стурчниот штаб и управниот одбор на ГФК „Тиквеш“, на која присуствуваа и преставниците на навивачката група „Лозари“.

Актуелната сотојба во клубот после двата порази на домашен терен од Беласица и Кожув беше единствената тема на дневен ред. Градоначалникот Јанчев побара во отворена и искрена дискусија изворно да се запознае со причините за слабите резултати во двата есенски клучни натпревар.

Според тренерот Љупчо Димитковски се случи резултатска криза во најлош момент, за која придонесоа неколкуте повреди и жолтите картони. Но според него кризата ќе се надмине, а првенството е долго и  изедначено во борбата за врвот. Тој изрази подготвеност за превземање на вината.

Навивачката група „Лозари“  искажа целосна поддршка кон градоначалникот Јанчев и општината за неговите искрени напори клубот да се врати на македонскат фудбалска карта.  Ја потврдиа и нивната  лојалност кон црвено белата боја, при што побараа поголем ангажман од упавата за санирање на сите пропусти, како во раководењето со клубот така и на трибините, со цел градот и публиката да  почуствуваат дека Тиквеш е на вистинската патека.

Двајцата најискусни Мојсов и Шиков напомнаа дека последните неуспеси беа момент на криза. Потврдиа дека поразите болно ги примиле, но сега е потребно сите чинители да стават се на една карта, да се добијат преостанатите 4 средби од есенскиот дел и во паузата до пролет сите да работат на санирање на пропустите во интерес на клубот.

Градоначалникот Јанчев во заклучоците од средбата подвлече дека фудбалската војна не е изгубена. Побара од фудбалерите максимално залагање со цел тие и сите директни чинители во и околу клубот да ја остварат позитивната приказна ГФК Тиквеш, пред се заради, градот, навивачите, историјата и традицијата на клубот. Само со добри резултати ќе го осветлаат образот и ќе го заштита личниот авторитет и интегритет. Само добрите резултати ќе отворат пат за вклучување на кавадаречката бизнис заедница во создавање на силен клуб.

На крајот сите посакаа и порачаа дека веќе во недела Тиквеш се враќа во победнички ритам, а Плачковица фудбалски ќе плаче.