Средбите на градоначалникот на Кавадарци г. Митко Јанчев со граѓаните од урбаните и месните заедници продолжија синоќа. Јанчев првата средба ја оствари со жителите од УЗ „Страшо Пинџур“.
На почетокот присутните беа потсетени на проектите во оваа урбана заедница, што ги реализираше општината во изминатиот период. Беа акцентирани најзначајните проекти како асфалтирање на 12 улици, изградба на пешачки мост на улицата „Шишка“, поплочувања на тротоари, улици, партерно уредување на јавни површини, како и на остварените проекти за реконструкции на подземната инфра структура водовд и канализација, а се посочиа и еколошките проекти.
Јанчев во воведот посочи дека овие средби тој со соработниците од општината, ЈП „Комуналец“ и полицијата ги посветува на реалните проблеми на граѓаните. Рече дека токму од ваквите средби се планира комуналната изградба за наредната година.
Во предлагање на приоритетите присутните посочиа: изградба на атмосферска канализација на полевќе улици на локалитетот „Голи оток“. Потоа пробивање на улицата „Григор Прличев“ со улицата „Васил Дубров“. Побараа ново Јавно улично осветлување на ул.„Дисанска“ кон ул. „Васил Дубров“ како и на дел од ул.„25-ти Мај“. За нив приоритет е асфалтирањето на улици во урбаната заедница, поплочувањетона тротоари, улици, патеки и јавни површини, како поставување на урбана опрема во консултација со жителите на предвидена локација. Исто така побараа расчистување на диво поставени гаражи на ул. „Иво Андриќ“ и нејзино асфалтирање.
Исто така и пшредлозите на жителите од УЗ „Страшо Пинџур“ ќе бидат составен дел на Програмата за комунална изградба во 2020 година.