Четириесет и шест пријавени натпреварувачи, меѓу нив и две жени денеска на вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ го започнаа традиционалниот 10-ти турнир во „цајкова табла“ кој во рамките на гроздоберот се игра под името „Таблијада“.
Еден од натпреварувачите беше и градоначалникот Митко Јанчев кој исто така е љубител на оваа стара традиционална игра. Општината за најдобрите обезбеди пригодни награди како потсетник за учеството. Таблијадата се игра на локацијата во Паркот на револуцијата.