Реализацијата на проектот за ревитализација на улицата „7–ми Септември“ се одвива непречено. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива работи на неколку фронтови на делницата од мостот кај „Јаворот“ до раскрсницата кај ДТВ „Партизан“.
Токму на овие две локации според планот се изградиа два кружни текови, како ново сообраќајно решение.
Придобивките од нивната изградба се почуствуваа веднаш. Ова особено се однесува за спојот на улицата „7–ми Септември“ со улиците: „Цано Поп-Ристов“, „Браќа Џунови“ и „Блажо Алексов“ каде повеќе ги нема застоите, неправилностите и нервозите кај возаќите во моментите на промена на правецот на движење. Сега сообраќајот се одвива без застои и прекршување на правилата за движење на возилата и пешаците.