ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградба. Ангажираната оператива изврши гребење на ошететниот асфалт на делница во должина од 400 метри.

На почетокот од идната недела треба да се изврши асфалтирање со што наместото на отстранетата површина од 1440м2 ќе се постави нов слој асфалт. Овојпат санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.