Како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад согласно проектот, ангажираната оператива од страна на општина Кавадарци пристапи кон порамнување на површината кај бистата на Никола Бадев.
Со овој зафат на тој дел од плоштадот повеќе нема да има денивелација, односко скалеста површина.
Целта на овој проект е со рампа да се израмни тој простор а пешаците по плоштадот да се движат на едно ниво. Порамнувањето се изведува со истите гранитни плочи кои беа на таа површина со што не се нарушува автентичноста.
На овој простор проектот предвидува и зелена површина за трева и дрвја.