ЈАВЕН ПОВИК за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2021-2026.
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Кавадарци организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.
Граници на планскиот опфат се :
– од североисточната страна границата на опфат се движи по оската на ул.„Народен фронт”,
– од југоисточната страна границата на опфатот се движи по оската на ул. „Задругарска”
– На југозападната страна границата на планскиот опфат се движи по оската на ул. „Коле Подлешки”.
Опфатот е со површина од 0,58 ха.
Јавната анкета
Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УБ 10.5, „Народен Фронт“, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци, со тех. бр. 3580 од Октомври, 2022 година ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Кавадарци како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на службената веб страна на општината.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 01.02.2023 година до 02.03.2023 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.02.2023 година (Среда) во 13:00 часот во просториите на општина Кавадарци.