Дидактички материјал од областа на сообраќајот за децата од градинка подели ОСБСП Кавадарци

Дидактички материјал од областа на сообраќајот за децата од градинка подели ОСБСП Кавадарци

ОСБСП Кавадарци продолжува со своите програмски  активности и во новата година. Денеска претседателот на Советот Љупчо Лазов ги  посети дечињата од големата група во градинката „Рада Поцева“ и им подари новогодишен подарок – дидактички материјали од областа на сообраќајот.

Подароците ги  прими директорката на градинката Цана Добринова, во присуство на претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев , советничката за предучилишно образование Надица Дамова и кординаторките на проектот во градинките  „Собраќајно воспитување и образование на децата“, Даниела Китева и Христина Камчева.

„ Грижата за најмалите е обврска на сите  нас и затоа во оваа прилика сакаме  да ги израдуваме најмилите со подарок кој ќе им помогне поубаво и повесело да ги реализират планираните содржини од сообраќајното воспитување“ истакна Лазов, а воедно се заблагодари до претседателот на советот за постојаната поддршка од локалната самоуправа во реализацијата на активностите на ОСБСП и до директорката на градинката,  за успешната соработка.

 „Нашиот успех  е заеднички,  и се должи на соработката со вас, со цел  дечињата од градинаката да ги направиме посреќни, весели и задоволни од престојот во градинката“ додаде Лазов.