Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци работи на продолжување на постојната канализациона линија во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги изведува градежните работи на прокоп и поставување на цевки и шахти од новата делница на улицата „Дисанска“ која води до спомен костурницата.
Во оваа фаза ќе се постави нова линија во должина од 300 метри.
Изведувач на работите е фирмата „Премиум билдинг“ од Скопје. За оваа намена општината ќе потроши 547.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината програма за комунална изградба.
Во наредната фаза ќе следи проширување и пробивање на улица со тампонирање.