Фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци.
На јавниот повик учествуваа 45 апликанти со одлични постигнати резултати во нивното образование. Предност имаа студенти кои потекнуваат од фамилии со ниски примања, студенти без родители и студенти од социјално ранливи семејства. Висината на поединечниот месечената стипендија изнесува 8000 денари бруто по стипендист. Секој студент девет месеци ќе добива по 8.000 денари месечно.
Најголем дел од средствата што ги добиа 10–те избрани кандидати се од платата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој несебично ја донира за помош на младите на кои таа им е потребна. Свои средства во фондацијата донира и компанијата „Кожувчанка“.