Почитувани
По извршената првична селекција на пријавените пријави на кандидатите кои се пријавиле на конкурсот за попишувачи и инструктори објавен на 23.02.2021 година констатирано е дека во одредени пописни реони не се јавил потребниот број на лица од кои може по нивно тестирање да се изврши избор на попишувачи и инструктори.
Заради наведеното Државниот завод за статистика одлучи да објави дополнителен конкурс за попишувачи и инструктори за оние реони каде што недостасува потребниот број на лица.
Во таа смисла утре на 03.03.2021 година во дневните весници на македонски јазик и во Коха на албански јазик ќе биде објавен дополнителниот конкурс. Пријавата на кандидатите ќе трае од 03.03.2021 година до 07.03.2021 година. Принципот на пријавување ќе биде ист, односно пријава, која ќе биде достапна на ВЕБ страницата на ДЗС.
Исто така ќе биде потребно и текстот на конкурсот кој ќе ви го доставуваме да го објавите утре-03.03.2021 година на огласната табла во седиштето на вашиот пописен реон.
Во прилог на оваа порака ви го доставувам конкурсот на македонски јазик, а дополнително денес ќе го доставиме и конкурсот на албански јазик во одредени пописни реони.
Државен завод за статистика.