Поголема мобилност и подобра социјализација во општествотоза неколку стотици лица со посебни потреби од Кавадарци ќе овозможи специјално тотранспортно возило што Дрекслмајер го донираше на општината.
Возилото е адаптирано со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и содржипотребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби. За неговото одржување ќе се грижи Општина Кавадарци, а со претходна најава ќе го става на располагање на здруженијата на лица со посебни потреби во градот, според нивните потреби.
На примопредавање на возилото беа присутни градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на здружението за лица со посебни потреби Михајло Михајлов.
Генералниот директор на Дрекслмајер Лукас Мирингер им ги предаде клучевите од возилото и истакна дека грижата за лица со попреченост е една од приоритетните активности во рамки на општествената одговорност на компанијата. „Со донација на ова специјално транспортно возило и понатаму се подобруваат условите за живот на лицата со посебни потреби и сме чекор поблиску кон создавање на живот без бариери и за оваа ранливакатегорија на граѓани“, истакна Мирингер.
„Би сакал да се заблагодарам на компанијата Дрекслмајер за донираното возило кое ќе им служи на нашите сограѓани со различни видови на попреченост. Дрекслмајер до сега со многу реализирани проекти покажа голема општествена одговорност и грижа за заедницата. Се надевам дека и во иднина ќе имаме добра соработка“, рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Ова е трето возило од ваков тип што компанијата го донира за оваа ранлива категорија награѓани. Претходно и Здруженијата на лица со посебни потреби од Велес и Градско добија на подарок специјално транспортно возило од Дрекслмајер. Целта е зголемување на мобилноста и подобрување на процесот на социјализација и инклузија во општественото живеење.