Армирано-бетонскиот ѕид за стабилизација на земјиштето на дел од улицата „Ќиро Арсов“ во Ваташа денеска беше финализиран. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ ги спроведе завршните работи на овој проект на Општина Кавадарци
Ѕидот е со должина од 12 метри, а со неговата изградба општината ќе создаде услови за по безбедна комуникација и отстранување на евентуална опасност, на оваа споредна улица околу која гравитираат повеќе индивидуални станбени објекти..
Ѕидот се гради во склоп на програмата за комунална изградба, на барање на жителите од Ваташа.