ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖАТА НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Деновиве Општина Кавадарци го заокружи проектот за нова нисконапонска линија во населбата „Бел Камен“. Ангажираната оператива постави линија на мрежата од јавното улично осветлување во должина од 1000 метри.

На делници од улиците „Бел Камен“ и „8-ми Септември“ се поставиа вкупни 28 метални канделабри од кои 5 со висина од 8м. и 23 столбови од 5 метри. На истите се вградени еколошки ЛЕД светилкии со јачина од 30 W.

Ова беше последната од проектираните 17 локации во градот каде со нови линии се интервенираше во подобрување на нисконапонската мрежа и сите останати елементи од Јавното улично осветлување.

Според проектот на 17 локации општината постави вкупно 420 метални столбови со висина меѓу 4 и 10 метри, како и штедливи ЛЕД светилки со различна јачина, во зависност од теренот. Во новата мрежа се вградиа 12.000 метри нисконапонски кабел вкопан во земја. Освен ова е извршена и реконструкција на 800 постојни светилки.

Крајната цел на општината, преку овој капитален проект е формирање на центар за мониторинг и управување со Јавното улично осветлување.

Воедно на кабелските оператори и на ЕВН Македонија, им овозможи во рововите да постават нивни инсталации, со цел градските улици да се ослободат од воздушните водови и старите дрвени бандери.

Општината Кавадарци во овој капитален проект за подобрување на јавното улично осветлување инвестираше 53 милиони денари.