Реконструкцијата на дел од градскиот плоштад влегува во завршна фаза. Ангажираната оператива деновиве со плодна земја ја исполни последната жардинера која се наоѓа на местото каде претходно беше фонтаната и малата отворена сцена. На оваа локација претходно се изведоа градежни работи за декорирање со гранит (буња), како и гранитни плочки на партерот. Поставена и соодветна инсталација за полевање на зелените површини.
Сега ќе уследи садење на соодветни декоративни дрва и жбунести растенија, аќе биде посеана и трева. На оваа локација ќе се постави и соодветна урбана опрема, по што овој дел од плоштадот пред хотелот ќе се претвори во урбанизирано и пријатно место за одмор на граѓаните.