За одржан состанок на Комисија за доделување на парична награда за ученици и ментори од основни и средни општински училишта во Општина Кавадарци за посебни достигнувања на државни и меѓународни натпревари
Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02, 95/20), член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци“ број 08/05…75/21), по донесување на
,,Правилник за доделување на парична награда за ученици и ментори од основни и средни општински училишта во Општина Кавадарци за посебни достигнувања на државни и меѓународни натпревари” бр. 08-2713/22 од 27.04.2023 година од Советот на Општина Кавадарци на 26-та седница, одржана на ден 28.04.2023 година, расправајќи по доставената документација од ООУ и СОУ потполнети од ученици и ментори заедно со комплетна документација и дипломи, во согласност со член 8 од наведениот Правилник, Комисијата на седница одржана на ден 12.07.2023 година го донесе следниот:
З А К Л У Ч О К
1.СЕ УСВОЈУВААТ Доставените формулари заедно со комплетна документација и дипломи во прилог од Основните и Средните училишта, потполнети од наградени ученици и ментори на Државни и Меѓународни натпревари за учебната 2022/2023 година:
- Одобрените финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2023година се со вкупен износ од 800.000,00денари, додека вкупниот износ од доставените пријави за наградените ученици и ментори изнесува 954.847,88 денари.
- Поради голем број на ученици и ментори кои беа пријавени, Комисијата за наградување едногласно одлучи да достави предлог до Советот за зголемување на финансиските средства, на првата наредна редовна седница на Совет, по што ќе биде објавена конечна листа на наградени.
- Заклучокот влегуваа во сила со денот на донесувањето.